• Latest
Фото: МЕТА.мк

Народна банка: 5 отсто инфлација во првите два месеци од годината

March 12, 2025

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

September 6, 2025
Артилериска стрелба
Извор- официјална ФБ страница на АРМ

АРМ ќе изврши пробна почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември- Денот на независноста

September 6, 2025
Фото: ВИ

Национализам на „реприза“: Секој изборен циклус – иста матрица на страв и поделби

September 6, 2025

Дир: Од почетокот на септември рф употреби над 1300 дронови, околу 900 наведувани авионски бомби и 50 ракети врз Украина

September 6, 2025

Албанскиот политички блок пред локалните избори 2025: Поделби, наративи и нови сојузи

September 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Трамп, заведен од погрешно видео од протестите во 2020 година, се закани дека ќе испрати војници во Портланд

September 6, 2025

Османи: Колку побрзо одите по патот кон ЕУ, толку повеќе се одвојувате од српско-рускиот свет

September 6, 2025
Israel destroys high rise building in Gaza
Source> screenshot Al Jazeera

Израел бомбардира високи кули во Газа, Кац најави „отворање на портите на пеколот“

September 6, 2025

Финска се приклучува кон декларацијата за решение за две држави меѓу Израел и Палестинците

September 6, 2025
Фото: Скриншот

Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад под опсада на српската полиција

September 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народна банка: 5 отсто инфлација во првите два месеци од годината

March 12, 2025 13:19
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МЕТА.мк

Фото: МЕТА.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Извршниот одбор на Народната банка на редовната седница одржана на 11 март 2025 година одлучи да ги задржи каматните стапки непроменети, оценувајќи дека тековната монетарна поставеност е соодветна на економските услови и ризиците кои сè уште постојат. Како што соопшти НБРСМ, главен акцент при носењето на одлуката бил ставен на инфлациските движења и ризиците од глобалното и домашното окружување.

Според најновите податоци, просечната инфлација за јануари и февруари 2025 година изнесува 5 отсто. Според Банката, овој раст е умерен во однос на истиот период од минатата година, но цените на храната и енергетската компонента и натаму имаат значително влијание врз месечната инфлациска динамика.

„Од друга страна, базичната инфлација останува релативно стабилна, а во февруари е забележано и одредено забавување“, соопшти НБРСМ.

Анкетите на Европската комисија покажуваат дека очекувањата на потрошувачите се насочени кон намалување на цените во наредниот период, но и покрај тоа, остануваат ризици од промените на берзанските цени на примарните производи, кои генерално се движат во нагорна насока. Ова укажува на потреба од внимателност во монетарната политика.

Народната банка истакна дека девизниот пазар е стабилен, а девизните резерви на крајот на февруари изнесуваат 4,86 милијарди евра, што е доволно за одржување на стабилноста на курсот на денарот. Економскиот раст во последниот квартал на 2024 година достигна 3,2%, а за целата година просечниот раст беше 2,8%, што е над очекувањата.

Во контекст на меѓународните движења, Европската централна банка (ЕЦБ) во март донесе одлука за намалување на каматните стапки за 0,25 процентни поени, под влијание на инфлациските трендови во еврозоната.

Народната банка нагласи дека и натаму внимателно ќе ги следи сите ризици и ќе презема соодветни мерки за одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот.

извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ