На социјалните мрежи се појавија снимки од трагедијата во Кочани која покажува како почнал да се шири пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа најмалку 50 лица, а повеќе од 100 се повредени.
За време на на концертот започнала да гори кровната конструкција на објектот над главите на посетителите.
На снимките се слуша како Панчо од ДНК ѝ вели на публиката „ Се запали горе“ и „Идете надвор, идете надвор“, додека над сцената може да се види како се шири линијата на огнот, и се забележува чад кој доаѓа од сцената, најверојатно од ПП апарат за гасење пожар.
Моментот кога почнала дискотеката да гори pic.twitter.com/Ab1WYOnQze
— Робусна Акција (@RoAcX87v2) March 16, 2025
Неофицијално, пожарот настанал од несоодветна употреба на пиротехника.
М. Д.