• Latest
Фотографија: Министерство за европски прашања

Муртезани: Пристигна првата транша од ЕУ во висина од 52,4 милиони евра, 7% од вкупната сума на финансиска помош за земјата

March 24, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муртезани: Пристигна првата транша од ЕУ во висина од 52,4 милиони евра, 7% од вкупната сума на финансиска помош за земјата

March 24, 2025 13:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фотографија: Министерство за европски прашања

Фотографија: Министерство за европски прашања

Share on FacebookShare on Twitter
Пристигнаа средствата од  претфинансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од страна на Европската комисија, траншата е во висина од 52,4 милиони евра, односно 7% од вкупната сума на финансиска помош за земјата, која што како што знаете, изнесува околу 750 милиони евра, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани на денешната прес-конференција.

Како што објасни Муртезани оваа исплата е врз основа на  барањето за претфинансирање од ноември мината година и со ова, Северна Македонија стана првата земја во регионот која ги доби овие средства откако претходно ги презеде сите неопходни чекори односно ги заврши правните процедури; т.е.  Договорот за заем и Договорот за грант стапија на сила.
 
„Втората важна вест поврзана со Реформската агенда е тоа што на 14 март 2025 година, до Европската комисија, во предвидениот рок го доставивме првото Барање за ослободување на средства во висина од 17,1 милиони евра за имплементација на конкретни реформски чекори. Во барањето ги надведовме реализираните активности до декември 2024 година (рок кој од Комисијата беше продолжен до февруари 2025 година), кои вклучуваат:  усвојување на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, донесување на подзаконски акти од Законот за буџети, операционализација на структурите за праведна транзиција и донесување на Планот за 2025 година, измени на Законот за трговски друштва во делот на критериумите за избор на членови на надзорни и управни одбори и во делот на правосудството пополнување на испразнетите места во судството и обвинителството .
 
Од овие средства, 7,96 милиони евра се наменети за директна буџетска поддршка (од компонентата заем), а дополнителни 9,15 милиони евра за инвестициски проекти преку Заедничкиот фонд на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Од овие пак 9,15 милиони евра – 4,24 милиони евра се во форма на заем, а  4,91 милиони евра во форма на неповратна поддршка. Овие средства ќе бидат достапни откако Комисијата ќе заврши со оценката за исполнувањето на реформите за што, согласно правилата, има рок од 90 работни дена“, објасни Муртезани.
 
Интензивно се работи и на реализација на чекорите за периодот до јуни годинава, за чии активности се предвидени околу 70,6 милиони евра и опфаќаат активности во области како што се подобрување на кибер-безбедноста, целосна транспозиција на европските директиви за енергетскиот пазар, усвојување на нов Закон за електронски комуникации, подобрување на управувањето со електронски документи и архивски материјали, како и зголемување на бројот на инспекции на пазарната и трудовата инспекција со фокус на градежништвото, туризмот и земјоделството, понатамошни реформи во правосудниот сектор итн. соопшти Муртезани на прес-конференцијата.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ