Српското здружение за заштита на потрошувачите „Ефектива“ повика на нов бојкот на трговскиот синџир Макси во текот на целиот април, протестирајќи против високите цени на храната.
Од „Ефектива“ повикаа граѓаните да не купуваат од Макси, наведувајќи дека доколку тој синџир ги намали цените, ќе мораат да следат и другите трговци.
Оваа акција е продолжение на претходните бојкоти кои започнаа во јануари, прво како еднодневен и петдневен бојкот на петте најголеми малопродажни синџири, а потоа со еднонеделни бојкоти на одделни продавници, започнувајќи со Макси.