• Latest

Сеад, јунаку, врати се!

March 13, 2017
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сеад, јунаку, врати се!

March 13, 2017 11:42
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Информацијата дека Сеад Кочан ќе биде недостапен на органите на прогонот не ме изненади ни малку. Да, да, знаев дека ќе оди на ‘службен пат’. Не знаев само точно во колку часот е тргнувањето“, пишува во својата колумна колегата Томислав Кежаровски, која со негова дозвола ЦИВИЛ Медиа ја пренесува.

Пишува: Томислав Кежаровски

Ќе оди, зошто и да не појде. Ептен чесно ги заработи седумнаесетте милиони евра. Со Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ се отепале од работа.

Зошто бе, пријателе Сеад, замина на „службен пат“? Знаеш ли дека кукавичлукот и анемичните реакции се одлика на малите луѓе? Сеад, да живееш храбро, значи да живееш од срце. Само слабите луѓе бегаат, во потрага по некоја „сигурност“.

Се плашиш, нели, дека кога ќе влезеш во притвор ќе те напуштат одредени пријатели, се плашиш дека поради тоа што ќе бидеш таму нема да те сакаат?

Ќе си го загубел, демек, образот ако одиш во Шутка…

Не, бе пријателе, тоа не може да се случи. Биди спокоен. Не може човек да загуби нешто што никогаш не го имал. Мораш да знаеш дека „ниедна птица не лета превисоко ако лета со своите сопствени крила“. Ме разбираш што сакам да ти речам, нели? Знаеш, на човека, на почетокот, соништата му се чинат невозможни, потоа му се неверојатни, а на крај, стануваат неизбежни.

Претешко е, пријателе, во денешно време во Македонијава, да живееш со чистота, со светост и верност. Таков не ќе те сакаат никаде. Слушај ме што ти велам. Од искуство ти кажувам. Не ќе живееш, ќе преживуваш. Тешко е да се живее тука ако не си „патриот“.

Јас па, замисли, да сум ти бил „продадена душа“.

Зошто!? Како зошто!?

Затоа што, Сеад, не сум украл ништо и никој со ништо не ме задолжи. Бев на протести и фрлав со боја, не затоа што некој друг така сакаше, туку затоа што мислев дека така треба, затоа што јас така сакав. Заради тоа што ни се деградирани културата, здравството и образованието. Тоа го правев од потребата од правда, за враќање на достоинството на обичниот човек. Затоа што барав и барам државата да се врати назад во рацете на граѓаните, таму каде што и е местото, каде што вистински припаѓа. Затоа што сакам ќерката тука да остане да живее. Затоа што сум против партизирани, клиентилизирани и нефункционални судови, против државни институции, подложни на манипулации, затоа што барав и барам апашите што украдоа милиони евра државни средства, да ги вратат парите назад во заедничката каса. Ете затоа. Ете, затоа не сум патриот.

И Љупчо од Неготино, знам, не е за државава, ниту Тоше од Валандово, уште помалку Јетон, Мики, Јане, Крсте, Ерџан, Јоцо, Аце Диневски, Зоран Божиновски, чичко Љубе од Куманово, Сашко од Велес.

Ние сме, замисли, злосторници, а таквите како тебе, демек, се чеда господови, Македонци. Море не Македонци, туку Македончишта.

Ти, Сеад, рака на срце, се покажа ептен јуначиште, големо патриотиште. Е, сега, не баш колку што ти се менторите, ама се гледа дека си „за Македонија“.

Кога го зеде првиот милион, пријателе Сеад, што ти се чинеше?

Кога виде дека за измамата нема никакви реакции од институциите, тогаш доби за право да мислиш дека имаш право да се размафташ со крилата, па да земеш сé од ред… Не, бре, не оди тоа така.

Вакви случаи, како ова твоево, кои ги навредуваат логиката и умот, има колку сакаш…

Зошто, Сеад, не се одважиш и, ако нели не си виновен, таа твоја чесност не ја докажуваш пред суд, и тоа не пред народниот, туку пред „Вашиот суд“? Влези во притвор па докажувај дека седумнаесетте милиони евра не сте ги украле.

Паметам, кога бев во затвор, тогашната директорка на установата, во петоците, кога правеше обиколка на притворениците, не пропушташе прилика да ме потсети дека и затворот е за луѓе. И тоа траеше така, со месеци.

Човекот, пријателе, мора да биде доволно голем за да ги признае своите грешки, доволно паметен од нив да има корист и доволно силен да ги исправи.

Туку, само да се 17… Некои, да ти кажам право, велат дека кражбата е меѓу 200 и 250 милиони евра. Ама, ајде, да не зборам пред рака. Тоа судот ќе го каже.

Сепак, колку и да се милиони евра во прашање добро ќе е да се почне од некаде.

Од овој случај, уверен сум, ќе излезат уште многу кривични дела со кои обвинителството треба да се занимава. Даниела да не – не знаеше дека ќе одиш на службено патување? Знаеше, знам и знаеш дека е така.

А, што се тие што ги бранат крадците? Нели се тие соучесници во кражбата?

Сиромашките тие судии, сами и незаштитени, препуштени на милост и немилост на бесна толпа незадоволни кои само сакаат судовите да судат правично и според правото и законот, а не по нечија политичка волја и влијанија. За по два-три гроша станаа асистенти и адвокати на ѓаволот…

Искрено, Сеад, не верувам дека овие судии ќе ти сторат нешто.

Освен, ако менторите не те пуштиле „низ вода“, што и не е за чудење.

На крај, ќе ти кажам што кажал Иво Андриќ многу одамна .

Андриќ рекол: „На овие простори на секои 50 години доаѓа време кога паметните замолчуваат, будалите проговоруваат, а курвите се богатат“

………….

ПС: Пријателе Сеад, сакам да ти посочам на уште една многу работа, за која верувам дека сега размислуваш, додека си таму каде што си, на „службен пат“.

Јас не украдов ништо, само исправав „криви Дрини“, докажував кој е во право, а кој не е, и добив 4,5 години затвор. На другите, со мене што беа во група, тројца да споменам, ги судеа според непостоечки закон, им дадоа од година ипол до пет.

На оние што ги уапсија во акцијата „Милка“, ако паметиш, демек шверцувале крави, им закачија кому како, ама најголемата беше пет години. Едно момче од нив не стаса да наполни 30 години. Како резултат на нервоза се разболе и почина.

Петнаесетмината уапсени во „Керозин“ за, наводно направена штета кон државата од три милиони евра. Иако таа иста држава Македонија им должи двојно повеќе, добија меѓу три и десет години.

Седумината во местенката „Детонатор“, обвинети прво за организирање на нелегално обложување, а кога тоа не помина – за организирање на атентат, се осудени на по седум, десет и петнаесет години затвор …

А, Велија и тие со Велија, а Љубе и другите со него, а докторот Ставриќ ….

Е, па, сега види ти колку треба….  Пресметај!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Детонатор“„Керозин“„Милка“„продадени души“„службен пат“Зоран БожиновскиИво АндриќпатриотиСеад Кочан
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ