• Latest

За дечињата од Дневниот центар за деца од улица сѐ уште нема одлука

March 13, 2017

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За дечињата од Дневниот центар за деца од улица сѐ уште нема одлука

March 13, 2017 12:47
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По минатонеделното избувнување на голем пожар во кој целиот објект со два посебни влеза беше целосно пеплосан, децата од градинката „8 Април“, набргу, привремено ќе бидат сместени во средното училиште „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари, а за децата од Дневниот центар за деца од улица, кои привремено се сместени во просториите на невладината организација ИРИЗ, сé  уште нема одлука каде ќе бидат сместени. 

Координаторката на Дневниот центар, Ирена Велкоска, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека се сретнале со министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и дека разговарале за неколку можни опции за решавање на проблемот.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека работат на случајот за изнаоѓање на решение.

„Министерството за труд и социјална политика имаше средба со раководни лица од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари кој беше зафатен од пожар, и е во фаза на изнаоѓање на соодветен простор за потребите на Центарот за деца на улица кој ќе биде исто така на територијата на Општина Шуто Оризари“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Жаклина Величковска од МТСП.

Претседателката на ИРИЗ, Фатима Османовска, ни изјави дека просториите на организацијата се ставени на располагање на децата од Дневниот центар, колку да не бидат оставени на улица.

Директорката на градинката „8 Април“, Сонгул Шабан Ахмед, за ЦИВИЛ Медиа, изјави дека дечињата ќе бидат сместени во средното училиште „Шаип Јусуф“, откако ќе им се овозможат соодветни услови.

„Околу 200 дечиња ќе бидат сместени во просториите на средното училиште во наредните десетина дена, откако ќе се овозможат соодветни услови за целодневен престој. Сега, дечињата се дома. Засега имаме поддршка од УНИЦЕФ, Детското село и од локалната самоуправа, меѓутоа секоја помош ќе биде добродојдена“, додава директорката Шабан Ахмед.

Дехран Муратов

 

Tags: градинка „8 Април“Дневен центар за деца од улицаИРИЗМТСПпожарШуто Оризари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ