• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев /ЦивилМедиа

Тарифите на Трамп: Реакции, неизвесност и скриената агенда

April 5, 2025
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тарифите на Трамп: Реакции, неизвесност и скриената агенда

April 5, 2025 18:30
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев /ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев /ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Доналд Трамп наметна универзална царина од 10% на целиот увоз во САД, со уште повисоки стапки за, како што ги нарече, „најлошите престапници“, во пресуден момент за глобалната трговија, нешто што политичарите и еkспертите го опишува како „голем удар за светската економија“

Меѓу „најлошите престапници“,  според листата на Трамп, покрај Кина, која вети контрамерки, се и сојузниците од Европската унија беше цел со стапка од 20 отсто, Јапонија со 24 отсто, Јужна Кореја со 25 отсто и Тајван со 32 отсто. Дури и некои мали територии и ненаселени острови на Антарктикот беа погодени од царини

Тарифите на Трамп успеаја да ги обединат пријателите и непријателите на Вашингтон во критиката на мерките за кои стравуваат дека ќе и нанесат разурнувачки удар на глобалната трговија.

Во својот последен потег, Доналд Трамп воведе нови царини за многу земји, вклучително и Украина – но не и Русија и Белорусија.

САД воведуваат царини од 33 отсто за производи од Македонија. Најголем удар се очекува во автомобилската индустрија – сектор што вработува десетици илјади луѓе и доминира во македонскиот извоз.

Аналитичарите предупредуваат – малите економии како македонската се најранливи кога трговските војни стануваат глобални.

Според сценарио на Центарот за истражување и креирање политики, ако трговската неизвесност продолжи, Македонија ќе се соочи со сериозен економски удар. Најголем пад на растот до минус 9% се очекува во периодот од 2027 до 2029 година.

Од Стопанската комора на Македонија, пак, воведувањето на царините го гледаат како обид за редистрибуција на глобалниот профит.

Од  Владата ги демантираат ваквите црни сценарија преку соопштение дистрибуирано вчера доцна напладне, некаде по 14 часот, што го довeдува во прашање  соопштението дека владините тимови веќе некое време ги анализирале можните последици и имале подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму.

Од Илинденска велат дека контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот. И со ова секако се побиваат претходните тврдења дека контакти на (нај)високо ниво беа воспоставени за време на неколкутe посети на Мицкоски и владината тајфа на Вашингтон, со кои Северна Македонија застанала „во првите редови“ пред новата администрација на Трамп.

Царините на Трамп ги осуди и про-Трамп лидерката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AфД) нарекувајќи ги „отров за слободната трговија“, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп најави огромни царини,

Реакцијата на премиерот Христијан Мицкоски. пристигна доцна синоќа, и во неа тој се обиде да го дезавуира прашањето на царините изјавувајќи дека ниту една земја во Европа не била подготвена за тоа и никој не се подготвувал претходно, што е дијаметрално спротивно на соопштението од Владата, чиј премиер е самиот Мицкоски, дека владините тимови веќе некое време ги анализирале можните последици и имале подготвен план за надминување на ситуацијата.

Дополнително, во обид да го оправда Трамп, изјави дека и во нашиот царински тарифник за некои групи на производи имаме царини повисоки од 60 проценти и притоа изрази надеж дека, според негов предлог, ќе успее да потпише договор за слободна трговија со САД, отвaрајќи си простор за ново, ако судиме според досегашните, непродуктивно патување во Вашингтон.

Во чекување што ќе донесат новите тарифи за земјите кои се на листата на Трамп и воопшто, за глобалната трговија и економија, светските берзи во меѓувреме се во постојан пад, што отвара простор за берзански мешетари, како што се Трамп и олигарсите – милионери во неговото блиско опкружување, да ловат во матно и да го зголемат своето берзанско портфолио, ако тоа не беше и вистинската цел за тие да се воведат.


Текстот е личен став на авторот

 

Tags: Доналд Трамптарифи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ