• Latest
Мозаик во древниот хеленски град Зеугма, 3 в.п.н.е. (фото извор: Wikimedia Commons)

Милионите се трошат, антициганизмот останува, а Ромите и понатаму се најдискриминирана етничка заедница

April 8, 2025

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Милионите се трошат, антициганизмот останува, а Ромите и понатаму се најдискриминирана етничка заедница

April 8, 2025 16:45
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Мозаик во древниот хеленски град Зеугма, 3 в.п.н.е. (фото извор: Wikimedia Commons)

Мозаик во древниот хеленски град Зеугма, 3 в.п.н.е. (фото извор: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Најскапите проекти во Европа и пошироко се оние за подобрување на состојбата на Ромите. Декадата за инклузија на Ромите, 2005-2015, на иницијатива на 12 европски држави, во партнерство со Светска банка, Отворено општество, УНДП, Советот на Европа и нејзината Развојна банка и уште неколку други гигантски организации и институции.

Да се потсетиме, 12-те европски држави што ја иницираа Декадата за инклузија на Ромите се (по азбучен редослед): Албанија, Босна, Бугарија, Романија, Северна Македонија, Словачка, Србија, Унгарија, Хрватска, Црна Гора, Чешка и Шпанија. Со набљудувачки статус се појавуваат Норвешка, Словенија и САД.

Десет години подоцна (во 2015) и стотици милиони евра и долари потрошени на илјадници проекти и иницијативи, со вртоглави хонорари за консултанти и „експерти“ во изработката на стратегиите што ретко кој се обиде да ги прочита, а уште помалку да ги спроведе – Ромите беа отприлика на истото место. Исклучени и дискриминирани, манипулирани и злоупотребени за политички и изборни цели, сиромашни.

Токму така, најскапите проекти беа воедно и најмалку успешни. Или, да бидеме поумерени во оценката – не беа доволно успешни да направат видлива промена во статусот на Ромите, што се признава и во извештајот на официјалната веб страница на Регионалниот совет за соработка.

„На крајот на Декадата на Ромите во 2015 година беше признаено дека Декадата служеше важна улога во поттикнувањето на процесот на позитивни промени за Ромите и придонесе за разбирање на проблемите со кои се соочуваат Ромите, но остави значителна незавршена работа во вистинското постигнување на нејзината амбициозна цел“, пишува во Извештајот.

И Фондацијата Отворено општество објавува анализа во која се вели дека Декадата за инклузија на Ромите не довела до инклузија.

„Дали владите го исполнија ветувањето? Накратко, не. Индексот за вклучување на Ромите покажува одреден напредок во нивото на писменост, завршување на основното образование и пристап до здравствено осигурување. Но, сè на сè, секојдневниот живот на Ромите останува борба со која ниту една друга етничка група во Европа не се соочува“, пишува Жељко Јовановиќ на веб страницата Open Society Foundations.

Стратегиите и проектите беа изработени, наплатени и површно спроведени или целосно беа запоставени. Суштината остана иста – Ромите и понатаму се предмет на дискриминација, предрасуди и стереотипи кои се длабоко всадени во убедувањата на луѓето. Институциите на државата, медиумите и општеството воопшто, не најдоа време да инвестираат во промена на клучните недостатоци, како во политиките и практиките, така и во јавната свест и политичката култура.

А парите се потрошија. Затоа, по фамозната Декада, се подготвија нови програми и стратегии, со нови буџети кои во моментов се трошат. И се разбира, состојбата не се менува или, ако сакаме да бидеме позитивни, не се менува суштински, а секако недоволно во споредба со големите зборови во стратешките документи и буџетските линии што се издвојуваат.

Во 2021 година напишав текст под наслов „Меѓу антициганизмот и борбата за човекови права“ во кој, меѓу другото, стои дека „концептот кој израсна од улиците на македонските градови за време на Шарената револуција, наречен Едно општество за сите, стана стратегија на Владата. Таа има изгледи да прерасне во долгорочна државна стратегија. Треба да се забрза имплементацијата на таа стратегија, пред сè во образованието, културата и медиумите, а се разбира и во сферата на економските мерки за јакнење на ромската заедница“.

Ќе ме прашате што мислам сега за овој параграф? Слободно. Еве го мојот одговор. Ништо од тоа. Големи зборови, уште поголеми ветувања и уште толку разочарувања.

Сè останато во тој текст останува да важи. Немам што повеќе да кажам во врска со овие прашања. Милионите се трошат, антициганизмот останува, а Ромите и понатаму се најдискриминирана етничка заедница, како во Северна Македонија, така и низ Европа и пошироко.

Долг е патот. Народот кој никогаш не војувал, со векови е мета на погроми и прогон, го преживеа и Холокаустот заедно со Евреите, подложен на сегрегација и системска дискриминација. И излегува од пеколните маки посилен и поиздржлив, со видлив и непоматен идентитет, култура и вредности.

Нека е честит Меѓународниот ден на Ромите.


Текстот е личен став на Авторот.


Прочитајте и:

Меѓу антициганизмот и борбата за човекови права

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ