• Latest
Фото: Скриншот од видео на NewYork Post

Во размена на затвореници меѓу САД и Русија ослободена жена затворена поради донација од 50 долари за Украина

April 10, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во размена на затвореници меѓу САД и Русија ослободена жена затворена поради донација од 50 долари за Украина

April 10, 2025 13:57
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: Скриншот од видео на NewYork Post

Фото: Скриншот од видео на NewYork Post

Share on FacebookShare on Twitter

Русија и САД извршија размена на затвореници во Абу Даби на 10 април,  токму во моментот кога претставниците на двете земји се состанаа на дипломатски разговори во Истанбул, објави Вол Стрит Журнал (WSJ).

Москва ја ослободи Ксенија Карелина, американско-руска двојна државјанка обвинета за предавство за наводно донирање 51,80 долари на непрофитната организација Разом за Украина, пишува WSJ. Минатата година, таа беше осудена на 12 години затвор за, како што го претставија руските власти, финансирање на украинските вооружени сили.

Во замена, Вашингтон, наводно, го ослободил Артур Петров, германско-руски двоен државјанин, кој беше уапсен во 2023 година на Кипар на барање на САД за наводен извоз на чувствителна микроелектроника.

„Американската Ксенија Карелина е во авион за враќање дома во Соединетите држави“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио на социјалните мрежи.

Рубио го препиша нејзиното ослободување од рускиот притвор на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека Трамп „ќе продолжи да работи за ослободување на сите Американци“.

„Размената ја покажува важноста да се одржуваат отворени линиите на комуникација со Русија, и покрај длабоките предизвици во нашите билатерални односи“, рече портпаролот на ЦИА, објави WSJ.

Директорот на ЦИА Џон Ретклиф и висок функционер на руското разузнавање преговарале за размената, изјави неоткриен функционер на ЦИА за WSJ.

Според изворот на весникот, Ретклиф бил присутен на аеродромот во Абу Даби каде што била извршена размената.

Нејзиното судење беше одржано во истиот суд во Екатеринбург каде новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович беше осуден за шпионажа и осуден на 16 години затвор во јули минатата година, пренесува Си-ен-ен.

Гершкович беше ослободен со историска размена на затвореници во која беа вклучени поранешниот американски маринец Пол Вилан, истакнатиот критичар на Путин и постојан жител на САД Владимир Кара-Мурза и руско-американската новинарка Алсу Курмашева.

Тие беа разменети за голем број руски државјани кои се држат во неколку земји, вклучувајќи го и осудениот атентатор Вадим Красиков.

Ова е второ ослободување затвореници договорено меѓу САД и Русија откако Трамп ја презеде функцијата. Москва го ослободи Марк Фогел, американски учител кој беше затворен во Русија под обвинение за дрога, во февруари.

Иако американските власти не кажаа што добива Русија во замена за ослободување на Фогел, американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц рече дека договорот е знак дека Трамп напредува во неговите обиди да посредува за мировен договор меѓу Русија и Украина.

Русија уапси многу американски државјани од почетокот на војната во Украина, при што неколку Американци сега отслужуваат долги казни или чекаат судење. За време на поранешниот претседател Џо Бајден, Белата куќа ја обвини Москва дека ги организирала апсењата со надеж за идна размена на затвореници за Русите кои се држат во САД.

Драган Мишев

Tags: размена на затворенициРусијаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ