• Latest

И академиците се поделија околу Платформата

March 15, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

И академиците се поделија околу Платформата

March 15, 2017 16:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И академиците се раскараа и поделија околу Платформата на албанските партии. Жестока атмосфера и спротиставени мислења се биланс на вчерашното собрание на академиците во МАНУ.

Дел од академиците сметаат дека Платформата претставува дестабилизација на државата и алатка која е само од полза на власта во заминување, а дел ја оценија како националистичка и иредентистичка.

Се чини, дека единствената заедничка точка на целата дискусија во МАНУ е дека сите академици се согласни околу потребата од отфрлање на Платформата.

Претседателот на МАНУ, Таки Фити, во своето обраќање рече дека состојбата е многу сериозна и загрижувачка. Тој истакна дека сите предложени решенија треба да бидат во согласнот со Уставот на Република Македонија.

Академик Катица Ќулавкова рече дека последно што ѝ треба на МАНУ, е да застане на страна на изманипулираната, патриотска платформа на ВМРО-ДПМНЕ. Таа истакна дека се сомнева дека токму тие самите, ја создале Платформата за да ја задржат власта и да се амнестираат за направените злосторства кои не се само финансиски, туку и институционални, како и дека го поддржува предлогот да се повлечат сите платформи, како од албанскиот блок, така и од „власта која одумира, а не сака да го признае тоа“.

Академик Митко Маџунков пак, рече дека МАНУ треба да застане во одбрана на државата, да ја отфрли платформата која удира врз христијанско-православниот карактер на Македонците. Тој смета дека документот е прв чекор кон исламизација на христијанско-православниот карактер на Македонците.

Тој ја спомна Енциклопедијата на МАНУ која беше повлечена по реакциите во јавноста, пред сé, од етничките Албанци.

„Сега, платформата на албанските партии стократно повеќе ги повредува чувствата на Македонците, и сега е ред на Албанците да се извинат и да ја повлечат својата платформа, а меѓународната заедница да се огради“, изјави Маџунков.

Академик Луан Старова рече дека нема да се случи трагедија со македонскиот јазик, од една објавена политичка платформа. Тој рече дека 40 години пишува на двата јазика и не чувствува дека македонскиот јазик е загрозен од Албанците.

На крајот од жестоката расправа, МАНУ ги повика сите субјекти да бидат одговорни и будни и да не се дозволат внатреетнички немири.

 

Tags: академициЕнциклопедијаМАНУМаџунковплатформаполемикаСобраниеСтароваЌулафковаФити
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ