• Latest

24 ЧАСА: Светот тагува по Папата Франциск; Потрага по консензус за ЕУ интеграциите; Министерот Љутков исвиркан; Облакодер за Трамп во Москва

April 22, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Светот тагува по Папата Франциск; Потрага по консензус за ЕУ интеграциите; Министерот Љутков исвиркан; Облакодер за Трамп во Москва

April 22, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Погребот на папата Франциск закажан за 26 април

Ватикан соопшти дека погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април во 10:00 часот по локално време. Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници.

Кардиналите кои ќе го изберат следниот папа мора да одлучат дали црквата сака и понатаму да се води по наследството на Франциск

Кардиналите ќе гласаат за наследник на папата Франциско врз основа на тоа дали сакаат неговото наследство да продолжи  или да се смени насоката, посочува ватиканскиот аналитичар на Си-Ен-Ен.

Високите црковни функционери ширум светот наскоро ќе се соберат во Ватикан за милениумски стар процес познат како конклава, за избор на следното лице на Католичката црква по смртта на Францис во понеделник.

Франциск – Папата од Латинска Америка кој ја смени Католичката црква

Неговото воздигнување во папството најави дека многу работи ќе се случат за прв пат.

Франциск беше првиот папа од Америка или јужната хемисфера. По смртта на Григориј III, роден во Сирија во 741 година, немало неевропски епископ од Рим, пишува Би-би-си.

Тој исто така беше првиот језуит што беше избран за тронот на Свети Петар – Рим историски гледаше со сомнеж на језуитите.

Франциск беше и првиот и засега единствениот папа кој ја посети Северна Македонија на 7 мај 2019, под мотото „Не плаши се мало стадо“ и беше одраз на симпатијата на понтифот кон малите цркви на периферијата, каква што е македонската католичка црква. На Светата миса, која се одржа на Плоштадот Македонија во Скопје, Папата испрати пораки за љубов, мир и заедништво.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Дебата: Евроинтеграциите треба да бидат темата што ги обединува линиите на сите политички субјекти, бидејќи тоа е државен проект кој бара широк консензус и заедничка волја

„Членството  во ЕУ е единствена алтернатива на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Реформската агенда е повеќе од листа на реформи туку стратешка рамка со јасни цели и утврдени рокови, но најважно од се таа е патоказ на земјата кон институционални социјални и економска трансформација. Собранието ја има клучна улогата во нејзината имплемнетација и треба да покаже визија и мудрост со сеопфатна соработка серизоност и искрена волја за реформи во интерес на граѓаните и државата“, истакна Африм Гаши, претседателот на Собранието на денешната заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции на која се одржа дебата за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027.

ПРОТЕСТ

Протест на културните работници за неисплатените плати: „Извини Зоки, морално (ли) беше“

Синдикатот на културата (СКРМ) денеска одржа протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и поради непочитување на колективните договори. На советот претставниците на Синдикатот побараа достоинствени услови за работа, почитување на колективните договори, транспарентност и професионално управување со културните институции, стратегија за развој на културата, како и Закон за култура со учество на културните работници во нивно изготвување.

Претседателката на СКРМ, Вера Атанасовска денеска за време на протестниот совет информираше дека од сметководствените и правните служби во институциите за култура, добиле известување дека од страна на Министерството за култура и туризам се доставени нови насоки за пресметка на плата.

РЕГИОН

Пропадна и третиот обид за конституирање на косовското Собрание; Опозицијата одби да гласа за предложено од „Ветевендосје“, се бараат преговори

По четврти пат пропадна конститутивната седница на косовското Собрание, неуспешно да се избере нов лидер. Опозицијата повторно не се согласи да гласа за кандидатката на партијата Ветевендосје, Албулена Хаџиу, пренесоа косовските медиуми. По прекинот на седницата, опозицијата го обвини Ветевендосје дека го блокира гласањето, бидејќи според него, треба да има политички договор за име прифатливо за сите политички фактори.

СВЕТ

Кремљ размислува да му понуди облакодер среде Москва на Трамп, за да ја ресетираат соработката со САД

Руските власти разговараа за можноста за заживување на плановите за кулата Трамп во Москва за да го наведат американскиот претседател Доналд Трамп да ги ресетира односите, објави Москва тајмс на 21 април, пренесува Кијив Индипендент.

Според извори запознаени со ова прашање, претставниците на Кремљ размислувале да предложат идеја за „голема зделка“, која, наводно, вклучува облакодер од 150 ката и ќе го вклучи самиот Трамп да присуствува на церемонијата на поставување камен во Москва.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за ликот и делото на Папата Франциск?

СЛОБОДНА ЗОНА

Речиси веднаш, од моментот кога Адолф Хитлер ја презеде функцијата канцелар на Германија, царините беа на врвот на економската агенда на неговата влада. Барањата на земјоделскиот сектор за повисоки царини „мора да се исполнат“, изјави на 1 февруари 1933 година, министерот за економија на Хитлер, Алфред Хугенберг, нешто повеќе од 48 часа од канцеларството на Хитлер, „и во исто време спречувајќи штета на индустријата“.

Министерот за надворешни работи Константин фон Нојрет беше загрижен за увозот на граѓа од Австрија и трговскиот договор од 200 милиони Рајхсмарки со Русија. Со истекување на неколку трговски договори, министерот за финансии на Хитлер, грофот Јохан Лудвиг Граф Шверин фон Кросиг, инсистираше на тоа дека треба да се донесат „итни одлуки“. Хитлер му кажа на својот кабинет дека има само еден приоритет – да избегне „неприфатливи немири“ пред изборите за Рајхстагот на 5 март, кои ги сметаше за клучни за неговото задржување на власта, пишува Тимоти В. Рајбак, во анализата објавена во американскиот магазин Атлантик (The Atlantic), со наслов „Хитлеровите ужасни тарифи“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ