• Latest
Протест на културните работници / фото: скриншот МИА

Протест на културните работници за неисплатените плати: „Извини Зоки, морално (ли) беше“

April 22, 2025
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Протест на културните работници за неисплатените плати: „Извини Зоки, морално (ли) беше“

April 22, 2025 14:43
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Протест на културните работници / фото: скриншот МИА

Протест на културните работници / фото: скриншот МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на културата (СКРМ) денеска одржа протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и поради непочитување на колективните договори. На советот претставниците на Синдикатот побараа достоинствени услови за работа, почитување на колективните договори, транспарентност и професионално управување со културните институции, стратегија за развој на културата, како и Закон за култура со учество на културните работници во нивно изготвување.

Претседателката на СКРМ, Вера Атанасовска денеска за време на протестниот совет информираше дека од сметководствените и правните служби во институциите за култура, добиле известување дека од страна на Министерството за култура и туризам се доставени нови насоки за пресметка на плата.

Тоа значи, како што посочи, дека досегашните насоки каде што беше пресметана платата согласно колективните договори, поточно колективниот договор за култура и општиот колективен договор, не важат, туку сега се дадени нови насоки каде што на некаков поинаков начин се пресметуваат тие 10 проценти, согласно општиот колективен договор.

Во моментот, како што рече, институциите не постапуваат кон овие насоки, бидејќи не е јасно што во моментот треба да се направи. Се надеваат дека во текот на денот ќе добијат подетални насоки и дека платата за месец март ќе ја добијат барем пред првомајските празници.

Како што додаде, ставот на Советот на СКРМ за овие добиени насоки ќе го искажат во текот на денешниот ден, кога ќе добијат подетални информации.

-Денеска на оваа отворена протестна седница на Советот на СКРМ во проширен состав бараме да се почитуваат колективните договори и законите. Бараме достоинствени услови за работа и достоинствен однос кон народот којшто е дел од самата култура како величие. Бараме транспарентност и професионално управување со културните институции, ослободени од партиска контрола. Бараме стратегија за развој на културата и Закон за култура со учество на културните работници во нивно изготвување. Бараме соодветни унапредувања на вработените и валоризација на стручните звања. Бараме крај на понижувањето! Културата нема да молчи! Ние сме гласот што не можете да го заглушите, порача Атанасовска.

Според Атанасовска, непочитување на колективниот договор е непочитување на човекот.

-Одложената примена од седум месеци на членот 65 за платите во културата од КД, притисокот по тие месеци повторно да се откажеме од платата, двомесечното неисплаќање на плата и здравствено осигурување во време на пандемија, континуираното прекршување на одредбите од Колективниот договор од страна на институциите и непочитувањето на заклучоците на Комисијата за следење на примената и толкување на колективниот договор, не беше проблем. Ама затоа почитувањето на Колективниот договор за култура кој предвидел усогласување на платите кај сите вработени согласно растот на животниот стандард е проблем. И сега имаме ситуација на потпишан, признат и уставно потврден Колективен договор, преќутно меѓусебе, зад затворени врати, да се прогласува, де за „неуставен”, де за „незаконски”, рече Атанасовска.

Тоа, како што посочи, не е само административна измама – тоа е правно и морално предавство.

-Ова не е техничко прашање – ова е удар врз достоинството на секој вработен во културата. Непочитување на колективниот договор е непочитување на човекот, рече таа.

Според Атанасовска, секој што дејствува против социјалната држава – ги поткопува работничките права и го урива системот на праведност, солидарност и еднаквост.

-Не заборавајте дека политичкото влијание ги гуши културните институции поставувајќи веќе однапред политички договорени директори и го иститснува секој што мисли слободно. А кога државата ќе се сврти против културата, таа се врти против самата себе.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов денеска на протестниот совет изјави дека даваат целосна и безрезервна поддршка на СКРМ и на културните работници.

-Сојузот на синдикатите на Македонија дава целосна и безрезервна поддршка на СКРМ и на културните работници. Мене ми е жал што министерот до вчера стоеше рамо до рамо со вас, како работник, меѓутоа како министер со 79 проценти зголемена плата се бори против вашите плати предвидени според колективните договори, што сметам лично дека е срамно, рече Трендафилов.

За жал, посочи, денеска не се без плата само културните работници, голем дел од колегите и колешки во јавниот и приватниот сектор се исто така без плата.

-Ве повикувам на 1 мај да ни се придружите. Дојдовме 300 луѓе пред три недели на протест. Се исплашија. Денеска сме 3 илјади. Уште повеќе се плашат. Им кажавме дека ќе дојдеме и 30 илјади. Тоа што го прават е не бројат, наместо да ни платат плата. Почитуван министер, луѓето очекуваат платата да им се исплати согласно колективниот договор уште денес. Доколку не, ако не го направите вие тоа, ќе го направи некој следен министер, додаде Трендафилов.

Извор МИА

Фото: скриншот МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ