• Latest
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026 07:09
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница не е само чин на почит кон повеќе од 8.300 свирепо убиени бошњачки мажи и момчиња во јули 1995 година, туку е и основна цивилизациска обврска на секое демократско општество. По усвојувањето на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН во мај 2024 година, со која 11 јули се прогласи за Меѓународен ден на размислување и сеќавање на геноцидот, меѓународната заедница испрати јасна порака: вистината мора да се заштити, а негирањето да се порази.

Сепак, на Балканот, лекцијата сè уште не е целосно научена. Историскиот ревизионизам, глорификацијата на воените злосторници и институционалниот молк продолжуваат да претставуваат активна закана за мирот и соочувањето со минатото.

По повод сеќавањето и одбележувањето на 31-годишнината од геноцидот, ЦИВИЛ МЕДИА разговараше со Џелал Хоџиќ, колумнист, општественик и претседател на Странката за демократска акција Македонија.

Со Хоџиќ разговаравме за значењето на 11 јули, за загрижувачкиот молк на државниот врв во земјава, опасностите од фашистичките идеологии кои се хранат со релативизирање на злосторствата, како и за должноста на новите генерации да изградат општества отпорни на злото.

ЦИВИЛ МЕДИА: Се одбележа Меѓународниот ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница. Што претставува овој ден за Вас лично, но и за бошњачката заедница во Северна Македонија?

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ: Сребреница е најголемата трагедија која се случила на тлото на Европа после Втората светска војна. Нема зборови кои можат да ги опишат чувствата на секој човек кој се обидува да се солидаризира и да сочувствува со жртвите на геноцидот и нивните семејства. Посебно ако ги слушате сведоштвата на преживеаните. Да не говорам за тоа колку е шокантно кога ќе видите дека постојат и оние кои го негираат геноцидот или го релативизираат. Па уште и кога дел од негаторите или релативизаторите најлицемерно се претставуваат како луѓе кои зборуваат за човекови права и демократија. Се поставува прашањето – дали негаторите на геноцидот би го повториле, кога би можеле, во првата следна прилика.

Бошњачкиот народ во Северна Македонија секоја година се сеќава на жртвите на геноцидот во Сребреница. Разликата помеѓу Бошњаците кои живеат во Северна Македонија и жртвите на геноцидот во Сребреница во јули 1995 година е само географската позиција на која се наоѓале во моментот кога се случувал геноцидот во Сребреница. Жртвите на геноцидот биле жртви само затоа што припаѓале на бошњачкиот народ, а свирепо убиените имале бошњачки и муслимански имиња. Наша цел е никогаш тоа да не се заборави и никому тоа да не се повтори.

Сеќавањето на жртвите од геноцидот е и цивилизациска обврска на една демократска држава. До моментот кога ги одговарам Вашите прашања, не видов дека Претседателката на државата Гордана Силјановска, премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија преку своите канали на комуникација упатиле порака за сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница. Во владата на Мицкоски има министер кој во едно интервју сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“.

Ваквата пракса отвора многу прашања и домашни, и регионални…

ЦИВИЛ МЕДИА: Поминаа повеќе од три децении од геноцидот во Сребреница. Дали сметате дека регионот ја научи лекцијата од тоа злосторство, особено кога станува збор за соочувањето со минатото, негирањето на геноцидот и градењето траен мир?

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ: Очигледно е дека постојат сили кои уште го негираат геноцидот и кај кои се забележува голема нервоза, уште од моментот кога Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата 78/282 на 23 мај 2024 година, прогласувајќи го 11 јули за Меѓународен ден на размислување и сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година.

Претставничкиот дом и Сенатот во САД уште во 2005 година, а подоцна и во 2015 и 2020 година, усвојуваа резолуции со кои злосторството во Сребреница недвосмислено се дефинира како геноцид. Европскиот парламент преку неколку резолуции, а особено онаа од 2009 година, успеа да го воведе 11 јули како Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница на ниво на целата Европска Унија. Парламентите на Канада и Австралија, исто така, усвоија декларации кои го вклучија сребреничкиот геноцид во образовните програми и официјалните календари на сеќавање.

Вакви резолуции беа усвоени и во парламентите на Црна Гора, Северна Македонија, Хрватска, Косово и Албанија, со што се создаде еден вид „цивилизациски круг“ околу Босна и Херцеговина, во кој геноцидот се признава како заедничка болка и опомена.

Ние гледаме како демократските сили и во Србија го негуваат сеќавањето на геноцидот во Сребреница. Постојат повеќе политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи и интелектуалци кои секоја година упорно повикуваат на соочување со минатото по ова прашање во Србија.

Оваа година во Белград беше претепан писателот Владимир Арсенијевиќ, кој сакал да го исчисти просторот на кој било планирано во Белград да се одржи комеморација за жртвите на геноцидот во Сребреница.

Заклучокот е дека во регионот има уште многу гласни фашистички елементи за да кажеме дека лекцијата е научена.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во време кога повторно сме сведоци на војни, масовни страдања и ширење говор на омраза по етничка и верска основа, колку е важно да се зачува историската вистина за Сребреница и каква улога имаат политичките и општествените актери во тој процес?

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ: Важна е. Последна фаза од геноцидот е неговото негирање. Една голема победа е дека сеќавањето на жртвите од геноцидот од Сребреница е дел од институционалната меморија во ОН, САД, ЕУ, Канада, Обединетото Кралство, Австралија и цивилизираниот свет.

Лоша вест е дека фашистичките идеологии сѐ уште се хранат со негирањето на геноцидот во Сребреница, како и други страшни злосторства со разни лажни теории. И јасната интенција на оправдување на злото.

Важно е да се сеќаваме, со тоа се намалуваат шансите да се повтори.

ЦИВИЛ МЕДИА: Каква порака би сакале да им упатите на младите генерации во Северна Македонија и пошироко, кои немаат лично сеќавање на ужасните настани од јули 1995 година?

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ: Тоталитарните идеологии низ историјата имаат нанесено многу зло. Многу лесно прикриеното зло може да добие своја автентична форма во секое општество. Младите преку образовните процеси мора да бидат подготвени да бидат одговорни чинители во своите општества, во кои треба да се почитуваат човековите права, а институциите да имаат еден хуманистички пристап кон сите граѓани, со цел да се воспостави превентива некое зло да добие општествена форма.

Демократијата не е совршена, но досега не е измислен подобар систем. Младите треба да сонуваат за совршен свет, а во себе да ја носат солидарноста со обесправените, слабите, маргинализираните, сиромашните.

Младите мора да ја продолжат борбата за слободни и еднакви општества, каде секој поединец ќе има еднаква шанса. Без разлика на боја на кожа, вера и нација.

До тогаш, ние мора со пример да им покажеме на младите дека и ние веруваме и се бориме за истото.

ЦИВИЛ МЕДИА: Навистина, евидентна е нервозата и агресијата што ги предизвика етаблирањето на Меѓународниот ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница кај одредени режими во регионот, но и пошироко во редовите на националистите и фашистите. Колку е важна оваа меѓународна потврда како одговор на тие политики?

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ: Има огромно позитивно значење. Оваа година на 11 јули во просториите на Обединетите нации се зборуваше за важноста за сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница. Самата резолуција поттикнува да низ образовни програми во државите поединечно се наоѓа начин да се влечат поуки од геноцидот во Сребреница.

Самата усвоена резолуција е пораз и за авторитарните режими на Вучиќ и Додик, кои за негирањето на геноцидот имаа подршка од диктаторот Путин, кој во овој момент спроведува агресија врз Украина.

Интервјуто го подготви: Џабир Дерала

 


Creative Commons 4.0 | Дозволено преземање со атрибуција и линк | ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ