• Latest
Фото: Скриншот  од видео на Bloomberg television

Трамп најави дека царините за Кина „ќе се намалат значително“, навестувајќи потенцијален пресврт

April 23, 2025

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп најави дека царините за Кина „ќе се намалат значително“, навестувајќи потенцијален пресврт

Промената на тонот на Трамп не остана незабележана во Кина. Во средата, хаштагот #Trump chickened out”-„Трамп se уплаши“ беше во тренд како главна тема на кинеската платформа за социјални медиуми Веибо, со повеќе од 110 милиони прегледи.

April 23, 2025 10:43
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот  од видео на Bloomberg television

Фото: Скриншот од видео на Bloomberg television

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше потенцијален пресврт на неговата трговска војна со Кина во услови на континуирана нестабилност на пазарот, велејќи дека високите царини за кинески стоки „значително ќе се намалат, но нема да бидат нула“, објави Си-ен-ен, пренесува ЦивилМедиа.

Забелешките на Трамп, дадени на новинарски настан во Белата куќа во вторникот, се чини дека означуваат реторичко намалување по неколкунеделни строги ставови и одмазда што испрати царини за Кина над неверојатните 145%.

„145% е многу високо и нема да биде толку високо“, рече Трамп на сесијата за прашања и одговори со новинарите во Овалната соба. „Нема да биде никаде блиску до толку високо. Ќе се намали значително. Но, нема да биде нула“.

Трамп ги даде коментарите на прашањето за забелешките на министерот за финансии Скот Бесент претходно истиот ден дека високите царински стапки меѓу Соединетите Држави и Кина ефективно ја ембаргосаа трговијата меѓу економиите.

Бесент на конференцијата за приватни инвестиции, чиј домаќин беше JP Morgan Chase, рече дека трговската војна со Кина е неодржлива и дека очекува битката да се деескалира во многу блиска иднина, потврди за CNN лице запознаено со ова прашање.

Наместо тежок прекин или целосно раздвојување меѓу Соединетите Држави и Кина, Бесент им кажа на инвеститорите дека целта е да се има ребаланс на трговијата, изјави изворот за Си-Ен-Ен.

Таа оценка даде поттик за раст на Волстрит кој се оформи претходно во вторникот, при што сите три главни американски берзански индекси ги достигнаа своите највисоки нивоа во текот на денот по објавувањето на забелешките на Бесент.

Азиските акции исто така пораснаа во средата, при што индексот Ханг Сенг во Хонг Конг го предводи регионалниот раст. Последен пат се тргуваше за 2,5% повисоко, додека јапонскиот Nikkei 225 порасна за околу 2%, а јужнокорејскиот Kospi за 1,5%.

Промената на тонот на Трамп не остана незабележана во Кина. Во средата, хаштагот #Trump chickened out”-„Трамп se уплаши“ беше во тренд како главна тема на кинеската платформа за социјални медиуми Веибо, со повеќе од 110 милиони прегледи.

Д. Мишев

Tags: Доналд ТрампКинатарифи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ