Трајко Велјановски како претседавач со конститутивната седница, денеска со соопштение ја информираше јавноста дека закажува координативна средба со претставниците на политичките партии застапени во парламентот, за 21-ви март (вторник), со почеток во 12 часот.
Одлуката за конечно закажување на координации за закажување конститутивна седница, Велјаноски ја донесе, откако денеска, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, достави барање од 67 пратеници за закажување на седница на деветтиот парламентарен состав. Седницата претходно беше започната и прекината на 30-ти декември 2016 година.
Како што соопшти Велјановски, тој денеска извршил консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во парламентот. На координативната средба, според соопштението, треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, што ќе послужи како основ за закажување на продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија.