„Во модерно време со еден клик, со едно пребарување може да се види што се случило во Сребреница. Јас ќе се обидам да внесам малку човечност на тие извештаи“, рече Дехран Муратов, новинар во ЦИВИЛ.
Муратов говореше на панелот „Негирање на геноцидот како последна фаза во процесот на геноцид“ на конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА) што се одржува во Скопје.
„За да се биде новинар, прво треба да се биде човек. На тој начин со зборови и со срце, не само со раце, можеме да спречиме злото да не се повторува. Да не се повтори Сребреница, Газа… “, изјави Муратов.