• Latest
Војо Маневски

Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката

May 20, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката

May 20, 2025 12:49
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Зошто малите луѓе сакаат да употребуваат големи зборови ? Малите народи многу се гордеат со својата независност, самостојност, идентитет.  Сите овие термини им стојат како преголема капа на мала глава . Од неа не може да им се види лицето. А суровата стварност вели дека во денешниот свет навистина суверени држави има едвај десетина. Сведоци сме на таквата состојба секојдневно. Државите се независни онолку колку ќе им дозволат големите и моќни држави и сојузи. Се зависи од нивното постојано стратегиско натпреварување во остварување на нивните интереси. А се сѐ сведува во користењето на природните ресурси и човечката сила и умствена моќ. Високиот стандард на моќните држави е резултат на нивната положба во меѓународната поделба на богатствата.

Ние сме мал народ и таму сме каде другите ни го одредуваат местото. Нашиот проблем е што ниту тоа место што ни го одредуваат не успеваме да го исполниме со сопствените интереси. Затоа е насловот таков. Немаме проблем со стратегијата па ниту со тактиката туку со оперативата на стратешките и тактичките правци  за кои велиме дека сѐ и наша определба.

Малку заморувачки вовед направив колку да си дадам важност во општата дебата поврзана со најавениот стратегиски договор со УК. Ова ќе биде трет договор со ваков епитет кој го потпишуваме. Покрај славниот договор со УСА имаме ваков документ и со Канада . Тој со Канада е толку стратешки што ретко кој и го има анализирано кај нас. Се разбира нас не интересираат големите држави и стратегиските договори со нив.  Со САД имавме пред две години специјален документ со кој се продлабочи стратешката соработка и беа најавувани милијарди долари  ама досега освен црни листи и царини не видовме многу. А да го заборавив Бехтел и Енка.

Дали треба да имаме вакви договори со големите сили? Ако така решила некоја од нив соработката да биде на таков „договорен“ начин тешко дека имаме сили тоа да го одбиеме без последици по нас.

Што би можеле ние да направиме за да си ги заштитиме нашите интереси кога не се во потполност исти со државата носител на стратегија? Во текот на операционализацијата на договорот да се трудиме  да имаме  поголема корист како заедница.

Инаку ова е само прв дел од целата постапка во обликувањето на овој договор. После потпишувањето во Лондон ќе треба да биде ратификуван во нашето Собрание но и во Парламентот на УК . Овде не би требало да има проблеми освен познатата лукавост на Британците кога се работи за каматите и роковите на преземање на кредитите и роковите на почеток на исплаќање на ратите . Во ситните детали се крие големиот ѓавол вели англиската изрека а таму тие се мајстори.

Со вака помпезно најавено потпишување на овој договор, од страна на нашата влада, тешко дека има маневарски простор за некакви дополнителни интервенции туку се ќе биде како што ни е понудено во текстот од пред неколку месеци.

Што можеме да направиме за да ги вметнеме нашите интереси? Да ја преземеме одговорноста за операционализација на договорот во што е можно поголем дел. Тоа значи во голем процент под-изведувачите да бидат наши компании на кои треба уште сега да им се помогне да бидат во конкурентна кондиција. Тоа треба да го направиме па дури и ако треба да пренасочиме некои средства од унгарскиот кредит. Дури и ако некои проекти од локално значење се остават за реализација за некоја идна година. На тендерот што ние ќе го распишеме, ќе се јават неколку УК компании. Таа што ќе го добие тендерот ќе избира подизведувачи. Списокот на компании што ќе биде потребен е подолг и се плашам дека ако вака останат расцепкани ресурсите кај нас, нема да можеме да одговориме на барањата. Коморите уште сега треба да изготват план за поголема конкурентност на домашните компании и да ѝ го презентираат на владата заедно со потребните чекори што се очекуваат од неа.

Во потребите за проектите кои ќе бидат финансирани од тие шест милијарди евра овој пат ќе треба да понудиме и наша памет а не само  груба сила. Пругата не е локално патче со асфалт пет сантимeтри  што после поголем дожд се расцепува . Тоа е проект  кој тешко се поправа и мора да функционира со децении, ако не и векови. Болницата не ѐ сама зграда во која се внесуваат пациентите, туку здравствен организам кој мора да функционира хармонично, од приемно одделение,  лаборатории, ординации, болнички кревети, па до рехабилитациски дел. Ако веќе отвораме толку медицински факултети може ли да се подготви современ протокол кој ќе биде функционален. За нас тоа е стратешки документ кој треба да биде и тактички само ако го операционализираме.

Вакви заеми со толку нули во износот бараат голема одговорност од институциите. Британска е максимата дека нема вечера без да се плати. Ако не одговорат на предизвикот нашите институции, цената ќе биде поголема и богами солено ќе биде јадењето. Затоа  транспарентноста во секој сегмент во реализацијата на договорот и изведувањето на проектите мора да биде максимална. Често се повикуваме на некакво замислено единство на политичките чинители. Еве сега имаме шанса тоа да го реализираме на стратешко ниво, што би рекол Клаузевиц. Тоа не треба да се разбере како можност политичките чинители да си се договорат колку и чиј ќе биде делот од проектите, туку единство во одговорноста . Владата не смее да се однесува како сопственик на целиот проект   а опозицијата не смее да биде само дежурен критичар без конкретни предлози.

На крај ова е предизвик за целото општество. Сега ќе видиме колку вредат дипломите на дипломците и докторатите на докторите по ука и наука. Во договорот ќе видиме за колку време ќе треба да се искористи рамката од шест милијарди кои УК ни ги одреди. Колкав и да е рокот за нас тоа се големи пари и одговорноста мора да биде на највисоко ниво зошто ако сега на стратешко ниво не покажеме способност како држава да се вклучиме, како дел од нивната стратегија, следното ниво за нас ќе биде  тактичкото ниво . На тоа ниво сме потрошен ресурс за стратегиските цели. После тоа ќе бидеме само дел од оперативните ресурси кои се трошат на краток рок. Е дури тогаш ќе се остварат сегашните најави за  Македонија како систем на бегалски кампови  во кои и ние како домашни ќе бидеме бегалци. Примери за тоа имате на многу места во светот. Затоа да си „врзиме цревјата“ и на работа .


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Македонијаресурсистратегија
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ