• Latest

Молк во костуми

May 22, 2025

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Молк во костуми

Прогресивните елити се бават со метрики додека светот гори. Нивната неактивност ги храни токму силите против кои тврдат дека се борат.

May 22, 2025 14:33
in АНАЛИЗИ, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Одамна стана повеќе од очигледно дека корпоративната култура и елитизмот се главни карактеристики на голем дел од самопрогласените прогресивни организации на граѓанското општество (ОГО или НВО, како и да ги наречете). Овие ентитети често функционираат изолирано, создаваат резултати со слаб ефект и ограничена јавна вредност.

Тие се далеку од тоа да бидат мултипликатори на демократска енергија, не се трудат да вклучат пошироки граѓански мрежи, ниту овозможуваат другите да ја засилат нивната работа. Нивниот раст се темели не на легитимитет од базата или општествена релевантност, туку на способноста да им се умилкуваат на донаторите, а многу од нив се, всушност, нивни спиноф проекти.

Создадени од донаторски иницијативи, тие еволуираа во тромави бирократски машини дизајнирани да ги исполнуваат административните барања и да апсорбираат големи финансиски средства – често со малку или без никаков ефект врз реалниот свет.

Критиката не може и не смее да застане само кај невладинитe. Истиот образец се среќаваат и кај широкиот спектар од актери кои тврдат дека ја унапредуваат демократијата, било да се нарекуваат прогресивци, демократи или умерени, сеедно.

Политичките партии кои ги носат демократските вредности како свој бренд, често функционираат како елитистички клубови, каде што вештините за наметнување на пораките (messaging) ја заменуваат мобилизацијата, а лидерството се разминува со својата база, наместо да зборува со неа.

Многу тинк-тенкови штанцаат фино полирани документи полни со „стручен“ жаргон и метрики, но остануваат далеку од реалните животни искуства на луѓето, а најмалку нудат решенија засновани на реалноста.

Дури и проверувачите на факти често ја сведуваат вистината на техничка процедура, лишена од социјален и политички контекст, морална јаснотија и системска критика.

Една од клучните причини зошто овие структури не успеваат да ја стекнат довербата на јавноста е тоа што не функционираат како вистински јавен ресурс за градење демократска отпорност. Немаат интерес да градат односи со граѓаните кои тврдат дека ги претставуваат. Комуникацијата со јавноста е еднонасочна, стерилна и трансакциска – без дијалог, скромност или солидарност. Најголемиот дел немаат никаква реална база – ни заедница, ни активно членство, ни соработка со формални или неформални граѓански иницијативи.

Наместо тоа, тие го одразуваат однесувањето на самите институции што треба да ги земат на одговорност – хиерархиски и нетранспарентни. Нивните активности се темелат на бирократски шаблони без душа, контекст или значење за заедницата. Дури и јавната комуникација им е ладна и формализирана, ограничена на крути формати што повеќе наликуваат на корпоративен бренд, отколку на граѓански ангажман. Механизмите за повратна информација, кога постојат, само симулираат учество преку ограничени и стерилизирани алатки, дизајнирани за заштита на угледот, а не за промена и раст.

Понатаму, страдаат од празен академизам – методолошки прецизни на хартија, но без морална храброст, без реална поврзаност со светот и без визија што носи промени. Нивниот јазик е преполн со технички термини и стерилен формализам, дизајниран повеќе за да импресионира донатори и партнери (или самите себе), отколку да ги ангажира заедниците или да го предизвика системот на неправда. На крајот, тие репродуцираат стерилна интелектуална култура која го става институционалното преживување над јавниот интерес, и метриките над суштината.

Нивниот одговор на горливи предизвици – војни, воени злосторства и грубо кршење на човековите права – е често внимателен, слаб или исплакнат, детачиран. Тие се селективни при изборот чии права да ги бранат, давајќи приоритет на оние во нивниот близок круг или во политички безбедни зони, наместо да им помогнат на најранливите. Нивното застапување е селективно и премногу претпазливо, со крајна грижа да не навредат моќни институции, влади или медиумски корпорации – дури и кога молчењето значи соучесништво.

Кога самите стануваат мета на говор на омраза или јавна критика, нивната реакција ретко е принципиелна. Наместо тоа, прибегнуваат кон корпоративен модел на контрола на штетата: умилкување, повлекување или нејасни изјави што треба да го ублажат ударот и да избегнат понатамошни напади или јавна проверка на нивната работа.

Во најголем дел, тие ефективно се помируваат со центрите на моќ наместо да ги предизвикаат – зајакнувајќи ги токму тие наративи кои ги дискредитираат граѓанските и прогресивните иницијативи. Повеќе внимаваат да не предизвикаат некаков вид одмазда, отколку што ја вреднуваат вистината, а одржувањето на брендот им е поважно од моралната позиција.

Во поглед на изградбата, одбраната и прифаќањето на демократските вредности, демократските актери покажуваат разочарувачки резултати – особено кога станува збор за различноста, инклузијата и универзалната примена на човековите права. Тие зборуваат во флоскули – празни фрази и помодарски зборови. Прават сè за да ги избегнат непријатните вистини и не реагираат со храброст или интегритет на клучните и моралните прашања на нашето време.

Со сето тоа, тие оставаат празнина – лесно и брзо исполнета од авторитарни центри на моќ кои виреат врз основа на популистичката реторика и нудат заводливи, поедноставени одговори на комплексни општествени проблеми. Додека демократските актери цупкаат во место и се самоцензурираат – послушниците, националистите и милитантите газат и громогласно врескаат.

Во меѓувреме, светот се урива – од агресијата на Русија врз Украина, ужасот на етничкото чистење во Газа, масовното кршење на човековите права низ Јужна Америка и крвавите конфликти низ Африка. А над сето тоа, светот се тресе од грмотевиците на растечкиот авторитаризам.

Овие самопрогласени бранители на демократијата, пак, само шепотат – повлекувајќи се во суета, процедурализам и елитизам, додека светот е во грч, во недостаток од храброст на клучни места.

Отсуството на содржина, солидарност и храброст кај овие елитистички структури не ги прави само неефикасни, туку ги прави дел од проблемот. Тоа ја предизвикува ерозијата на доверба, ја ослабува демократијата и ги остава општествата ранливи на манипулација, страв и авторитарна контрола.

Би сакал да не сум во право.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ