Германија и другите украински сојузници ги укинаа ограничувањата за испукување ракети со долг дострел од Киев кон Русија за прв пат, изјави германскиот канцелар во понеделник, по неколкудневните бомбардирања на главниот град и другите региони од страна на Русија со масовни воздушни напади, пренесува Си-ен-ен.
Ова означува значајна промена во пристапот од страна на клучните сојузници, кои досега во голема мера се спротивставуваа на барањата на Украина да користи оружје доставено од Западот длабоко во Русија.
„Веќе нема никакви ограничувања на дострелот за оружјето доставено до Украина“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц на европскиот форум во Берлин во понеделник. „Ниту од Британците, ниту од Французите, ниту од нас. Ниту од Американците.“
„Со други зборови, Украина сега може да се одбрани и со напаѓање на воени позиции во Русија, на пример“, додаде тој.
Објавата доаѓа по рекордните напади со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на викендот.
Рускиот претседател Владимир Путин се соочува со меѓународен притисок да прифати договор за прекин на огнот, вклучително и од американскиот претседател Доналд Трамп, кој е сè повеќе фрустриран од бавниот напредок.
М. Д.