• Latest
Вучиќ - Путин, 23 јуни 2020 (Wikimedia Commons)

Крајот на руско-српското пријателство: Вучиќ се заигра со „седењето на две столчиња“

June 7, 2025

Пет месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, денеска се одржува осумнаесеттиот „Марш на ангелите“ во Кочани

August 16, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

Пожарот кај Јажинце и понатаму активен, соопштија од ЦУК

August 16, 2025

Едно од пет деца во Газа страда од неухранетост, предупредуваат ОН

August 16, 2025

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, денеска гласање во Собранието

August 16, 2025

Албанската влада најави дека ќе ги обнови опожарените и изгорени куќи, а ќе ги обештети и земјоделците

August 16, 2025
Фото: Укринформ

Русија лансираше 85 борбени беспилотни летала и балистичка ракета насочена кон територијата на Украина додека траеше средбата Трамп-Путин

August 16, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Немири во Србија: Судири меѓу полицијата и демонстрантите на протестот во Белград

August 16, 2025
Donald Trump, Vladimir Putin - Alaska Summit
August 2025
Source: Video Fox 5

Трамп- Путин во Алјаска: Неубедлив крај на еден раскошен самит

August 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски: Нападите продолжуваат – Москва не дава сигнал дека сака да ја запре војната

August 15, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Путин и Трамп се ракуваа пред медиумите и прошетаа по црвениот тепих во Енкориџ

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Крајот на руско-српското пријателство: Вучиќ се заигра со „седењето на две столчиња“

June 7, 2025 15:30
in РЕГИОН, ТОП 5
Вучиќ - Путин, 23 јуни 2020 (Wikimedia Commons)

Вучиќ - Путин, 23 јуни 2020 (Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Она што се случува во меѓусебните односи меѓу Србија и Русија е прашање кое се поставува сè почесто, особено откако Москва јавно го изрази своето незадоволство од однесувањето на официјален Белград на меѓународно ниво.

Ова главно се должеше на откривањето на податоци, презентирани од руската разузнавачка служба, во кои се тврди дека Србија извезла муниција и оружје во вредност од речиси една милијарда долари во Украина, пишува во анализата на Ал Џазира. 

Сето ова се одвива во време кога Србија декларативно ја поддржува Русија во нејзината агресивна војна во Украина, наводно пркосејќи на политиката на Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Според Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СВР), повеќе од еден милион куршуми и стотици илјади гранати за хаубици биле извезени од српските компании од воената индустрија. Покрај тоа, Србија, исто така, продавала ракети за повеќецевни лансери на Украина, се наведува во статијата.

Русија го менува односот кон Вучиќ

Властите во Белград, вклучувајќи го и самиот Александар Вучиќ, одбиваат да ја признаат вистината за наводите, а српскиот претседател, во свој стил, најави темелна истрага. Коментирајќи ги наводите на СВР, Вучиќ рече дека ќе издаде наредба да не се спроведуваат договори за продажба на оружје и муниција за кои постои сомневање дека се злоупотребени и испратени на украинското бојно поле.

„Дефинитивно ќе дадам наредба и предупредување дека, секаде каде што има сомневање дека има злоупотреба на „крајните корисници“ и нивно испраќање на бојното поле, без ние да знаеме за тоа – таквите договори да не се спроведуваат“, изјави српскиот претседател.

Според Александар Попов, директор на Центарот за регионализам, се чини дека ставот кон Вучиќ и неговата „неточна“ надворешна политика драстично се менува во Русија.

Она што генерално се толерираше, сега станува предмет на сериозни спорови, и тоа е причината зошто Русија јавно го изрази своето незадоволство од начинот на кој Александар Вучиќ ја води надворешната политика на Србија.

„Неговата политика на седење на повеќе столчиња мораше еднаш да заврши. Можеше да се толерира во некои помирни времиња кога немаше толку изразени прегрупирања на глобално ниво и кога односите меѓу Америка, Европа и Русија не беа толку напнати. Сега кога се случи тоа прегрупирање, секој што не сфати навреме дека еден ден ќе пукне, одеднаш бега“, вели Попов.

Што се случи со Вучиќ?

Попов за Ал Џазира понатаму дава објаснување за она што, според него, многумина прашуваат, а тоа е „што се случи со Вучиќ?“, според досегашните случувања.

„Вучиќ се заигра, се „прекомбинира“. Мислеше дека кога ќе дојде Трамп и преку Ричард Гренел ќе биде миленик на Америка, дури и со предавање на имотот на својот зет. А од друга страна, мислеше дека игра на картата на вечно пријателство со Русија и дека ги поттикнува тие русофилски чувства кај народот и го имитира руското расположение. Во исто време, ја залажуваше Европа дека е на европскиот пат, но сето тоа се сруши како меур“, објаснува Попов.

„Двете политики“ на Трамп и сериозните предупредувања

Она што Вучиќ сигурно не можеше да го предвиди е дека политиките на Трамп од неговиот прв мандат и политиките на Трамп денес ќе бидат две сосема различни работи. Со промената на својата политичка агенда, Трамп се откажа од некои политички цели, а дефинираше други, посочува понатаму Попов.

„Овој Трамп и Трамп од првиот мандат не се исти луѓе. Тој сега влегува сосема поинаку, агресивно, со големи цели. Во тоа време, за него беше голема работа да го постигне таканаречениот Вашингтонски договор и да ги нормализира односите меѓу Србија и Косово. Мислеше дека тоа ќе му даде ветер во грб, исто како што на Бил Клинтон му даде ветер во грб Дејтон за неговиот втор мандат. Нему му е важно, бидејќи има други планови, само да ги постигне своите други глобални цели, а не да пука тука на Балканот. Тоа им го кажа Марко Рубио на своите партнери во Европа – дека Додик мора да се пацифизира“, вели Попов.

Попов ги коментира и  ги ненадејните „проблеми“ на Вучиќ со руската разузнавачка заедница и нивните наоди, за што вели дека ова е „секако сериозно предупредување за Вучиќ“.

„Ова е сериозно предупредување ако нивната странска разузнавачка служба излезе со такви работи – тоа е сериозна шлаканица. Се виде дека Вучиќ полека ја губи наклонетоста на Русија, бидејќи тој е корисен за Русија само до степен да ги заштити нејзините интереси на Балканот и да го одвлече вниманието од она што го прават во Украина. Можеше да се види дека немаше срдечност кога присуствуваше на Денот на победата во Москва Разликата беше во тоа што Путин при пречекувањето на своите гости, ги прегрнуваше, но со Вучиќ – само се ракуваше, не го прегрна“, посочува Попов.

Главниот приговор на политиката на Вучиќ, е тоа што со години „седи на две столчиња“ и дека ги прогласувал Русите за негови главни партнери во надворешната политика. Многу брзо се покажа дека економската страна на тие односи не е толку „пријателска“, бидејќи најважниот економски партнер на Србија била и останува Европската Унија сите овие години, вели Попов за Ал Џазира.

Подгови: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ