• Latest

Поднесени претставки против две судијки до Советот за утврдување на факти!

March 28, 2017

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поднесени претставки против две судијки до Советот за утврдување на факти!

March 28, 2017 15:34
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство покрена претставки до Советот за утврдување на факти, за покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија. Претставки за утврдување на одговорност се поднесени за судијките на Основниот суд Скопје 1   Елена Илиевска Јосифовиќ и Татјана Михајлова. Со претставките е побарано да се испита нивната работатата поради сомневање за нестручно и несовесно вршење на судиската функција. 

„Од начинот на кој што ја врши судијката Татјана Михајлова својата судска функција, по предметот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, произлегува дека истата, судска постапка ја водела пристрасно, особено во однос на еднаквиот третман на странките, со намерно повредување на правилата за правично судење, злоупотребување на положбата и пречекорување на службените овластувања…“, стои во постапката што ја поднесе СЈО.

Според СЈО,  судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, „постапките ги водела пристрасно, со злоупотреба на положбата и пречекорување на службените овластувања. Исто така, објаснето е и дека судијката постапувала несовесно, ненавремено и немарно што предизвикало одложување на судската постапка без постоење на законски основ“. Илиевска – Јосифовиќ е надлежна за случајот „Трезор“ во кој осомничен е поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, но според СЈО нејзиното однесување „се повторувало во повеќе случаи“.

И покрај сите напори на СЈО да ја извршува својата фунцкија, опструкциите не престануваат. На денешната меѓународна конференција „Следење на комуникациите – законска рамка и искуства, улогата на јавниот обвинител“ што се одржува во Скопје, Јавното обвинителство воопшто не ги покани колегите од СЈО, коишто треба пред лицето на правдата да ги донесат сите инволвирани во криминалот со нелегалното прислушување и со злоупотребата на следењето на комуникации.

 

Tags: Елена Илиевска ЈосифовиќСЈОСоветот за утврдување на фактисудииТатјана Михајлова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ