Специјалното јавно обвинителство покрена претставки до Советот за утврдување на факти, за покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија. Претставки за утврдување на одговорност се поднесени за судијките на Основниот суд Скопје 1 Елена Илиевска Јосифовиќ и Татјана Михајлова. Со претставките е побарано да се испита нивната работатата поради сомневање за нестручно и несовесно вршење на судиската функција.
„Од начинот на кој што ја врши судијката Татјана Михајлова својата судска функција, по предметот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, произлегува дека истата, судска постапка ја водела пристрасно, особено во однос на еднаквиот третман на странките, со намерно повредување на правилата за правично судење, злоупотребување на положбата и пречекорување на службените овластувања…“, стои во постапката што ја поднесе СЈО.
Според СЈО, судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, „постапките ги водела пристрасно, со злоупотреба на положбата и пречекорување на службените овластувања. Исто така, објаснето е и дека судијката постапувала несовесно, ненавремено и немарно што предизвикало одложување на судската постапка без постоење на законски основ“. Илиевска – Јосифовиќ е надлежна за случајот „Трезор“ во кој осомничен е поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, но според СЈО нејзиното однесување „се повторувало во повеќе случаи“.
И покрај сите напори на СЈО да ја извршува својата фунцкија, опструкциите не престануваат. На денешната меѓународна конференција „Следење на комуникациите – законска рамка и искуства, улогата на јавниот обвинител“ што се одржува во Скопје, Јавното обвинителство воопшто не ги покани колегите од СЈО, коишто треба пред лицето на правдата да ги донесат сите инволвирани во криминалот со нелегалното прислушување и со злоупотребата на следењето на комуникации.