Претседателот на Собранието, Африм Гаши на почетокот на денешната седница соопшти дека на 12 јули 2025 година му престанува функцијата Народен правобранител на Насер Зибери поради исполнување на условите за старосна пензија.
-Ве известувам дека Народниот правобранител Насер Зибери на 12.07.2025 година исполни услови за старосна пензија. Констатирам дека врз основа на член 9 став 1 од точка 3 од Законот за Народниот правобранител на Народниот правобранител Насер Зибери му престанува функцијата Народен правобранител на 12 јули 2025 година поради исполнување на условите за старосна пензија, нагласи Гаши.
Во процедурално обраќање, пратеникот на Левица Борислав Крмов и денеска побара пауза од еден час со поради, како што рече, целосно исполнување на барањето на нивната пратеничка Јована Мојсоска за добивање на податоци за патните трошоци на сите пратеници.
Гаши му одговори на Крмов дека ќе ги добијат податоците за патните трошоци на сите пратеници.
-Вие имате добиено одговор, како што и самите кажавте. И ќе го добиете за сите пратеници. Но, ова е нормално, процедуралното го барате за пауза. Имате еден час пауза, рече Гаши.
Пленарната 60. седница на Собранието ќе продолжи со работа по едночасовната пауза.