• Latest
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу: Повредените во кочанската дискотека „Пулс“ за понатомошните интервенции ја имаат поддршката од Владата

July 27, 2025

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Алиу: Повредените во кочанската дискотека „Пулс“ за понатомошните интервенции ја имаат поддршката од Владата

July 27, 2025 08:19
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Share on FacebookShare on Twitter

Повредените во кочанската дискотека „Пулс“ ја имаат поддршката од страна на Министерството за здравство и Владата. Во наредниот период ќе се гради Центар за протези во Скопје, а повредените млади луѓе кои имаат потреба од дополнителни интервенции и третмани, коишто се скапи ќе бидат поддржани од страна на државата, истакна министерот за здравство, Азир Алиу од Штип, кој одговараше на прашање, дали државата ќе ги финансира и поддржи повредните на коишто им претстојат скапи естетски интервенции.

-Свесни сме дека има третмани и процеси коишто чинат и се скапи, но ние како држава сме задолжени за секој граѓанин да им пружиме здравствена заштита, бидејќи тоа  ни е законска надлежност. Јас, лично бев во Кочани и сега пред вас велам дека за секој процес, којшто бара финансии, ние ќе излеземе во пресрет. Исто така секој процес, којшто бара импонтирање на знаења ќе направиме такви обуки и секој процес, којшто бара мобилност на нашите граѓани надвор од државата, исто така ќе го поддржиме. Тој процес нема да се заврши брзо, тие се долгорочни процеси и ќе ни треба долгорочен пристап, изјави Алиу.

Министерот за здравство вели дека е направена анализа од експертите од нашата држава, но и од експертите коишто беа вклучени директно или индиректно со трагедијата.

-Затоа работиме интензивно и имав неколку средби со неколку амбасади, за да може делот од пациентите да одат надвор од државата на дополнителни третмани и лекувања. Но, и да направиме и инфраструктура внатре во државата. На пример едно од таквите е протези да се генерираат. Ние немаме таква лабараторија. Направив средба со лица коишто се од Словенија и да видиме до каде е процедурата, рече Алиу.

Алиу посочи дека се направени работни групи и во рамки на Влада и на Министерството за здравство, со цел да се направи Стратегија, долгорочна, за како што вели, да може да имаат инфраструктурен, човечки и професионален пристап кон граѓаните во Кочани. Тој е задоволенод  текот на рехабилитацијата на повредените млади луѓе на планината Пониква, за што вели дека сведочат и самите пациенти, кои бараат да бидат дел од групите. Во моментов на рехабилитација е трета група на повредени лица во кочанската дискотека „Пулс“, кои со помош на лекари, физиотерапевти и стручен здравствен персонал заздравуваат и имаат третмани.

Алиу вели дека постојано креираат нови активности, кои им се потребни на повредните од пожарот во кочанската диксотека „Пулс“. Тој посочи дека во одмарилиштето на МВР на Пониква на рехабилитација е веќе третата група на повредни, со коишто работат лекари, физиотерапевти.

-Таа програма излезе дека дава добри резултати и нормално ќе продолже се додека тие млади сакаат бидат дел од неа, рече Алиу. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ