• Latest

„Остави трага!“

April 7, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Остави трага!“

April 7, 2017 17:20
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 8 до 12 април  ќе се одржи десеттото, јубилејно издание на Интернационалниот театарски фестивал на независната продукција „Лица без маски“

Фестивалот што ќе се одржи под мотото „Остави трага!“, ќе го отвори политичката сатира „Претстава со четири актери, неколку свињи… и така натаму“, во режија на Блерта Незирај.

„Во официјалната натпреварувачка програма, се селектирани седум претстави кои кореспондираат со начелата и принципите на фестивалот. Претставите од годинешната програма во најголема мера се критика на општествениот миг во кој живееме ние луѓето, без разлика на која страна од светот. Претставите од официјалната програма се движат на самата линија на ‘кафканијанството’ и ‘орвелизмот’. Очигледно е тоа со претставата од Косово, како и со ‘Фармата’, во изведба на италијанскиот театар ‘Софија Амендолеа’.  Тука се и гостите од Русија, ’32. Физички театар’ од Таганрок , кои годинава доаѓаат по вторпат во Скопје и ќе настапат со ‘Ноќта на огнот’, бугарската монодрама ‘Сè на масата’, работена според делата на Чарлс Буковски, а во режија на Ана Батева, дела кои конечно, третираат горливи актуелно-општествени теми на едно пошироко, глобално ниво. Среќни сме што годинава во програмата имаме и македонски независни продукции. Тука се и бескрупулозната ‘Да ми го поздравиш и бациш’, на театарот ‘Артопија’, ‘Скршената стомна’ на ‘Интимен театар’ од Битола и ‘Прво ќе ме земеш, после ќе ме…’, на Театар ‘Крик’ од Скопје“, истакна селекторот на фестивалот, Игор Ивковиќ.

Како и во изминатите години, така и на јубилејното 10. издание, претставите ќе ги оценува тричлено жири, кое ќе ги додели наградите за најдобра претстава во целина, за најдобра режија и за најдобро актерско остварување.

По повод јубилејот, фестивалот ќе организира и придружна програма со работилници и музички концерти.

Фестивалот ќе се одржи на сцените на Драмскиот театар, Театарот „Комедија“, Домот на АРМ и на „Малата сцена“ при ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“ во Скопје.

 

Tags: „Лица без маски“„Остави трага!“јубилејнезависна продукцијатеатар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ