Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска на пладне ја свика втората седница на Советот за безбедност.
Иако во соопштението од прес службата на претседателката не е точно наведено што ќе се зборува на седницата, од СДСМ изразија загриженост дека таа ќе ги потпише указите за Законите за полиција и внатрешни работи.
На денешната прес-конференција од СДСМ образложија дека со ваквите измени се отвора простор за партизирање на полицијата, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски добива неограничена моќ и значително проширени дискрециони овластувања.
„Сега Тој сам ќе може да поставува началници на Сектори за внатрешни работи и командири, без тие да исполнуваат основни критериуми за стаж, без да имаат искуство или претходно постигнати резултати. Се бришат и основните професионални критериуми за раководни позиции, што отвора широк простор за инсталација на партиски кадри без соодветно оперативно искуство.