• Latest
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025 19:22
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, СВЕТ
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Share on FacebookShare on Twitter

Благодарност до градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев,и неговиот креативен тим за организацијата на одморот во „Михајлово“ за украинските деца од Никополскиот реон,погоден од напади рф. 2 недели мир, радост и откривање на македонската култура. Ви благодариме за грижата и пријателството, напиша амбаадорката на Украина во земјава Лариса Дир на својот налог на Х.

Благодарност до градоначалникот на Општина Кавадарци,Митко Јанчев,и неговиот креативен тим за организацијата на одморот во „Михајлово“ за 🇺🇦 деца од Никополскиот реон,погоден од напади рф.
2 недели мир, радост и откривање на 🇲🇰 култура.
Ви благодариме за грижата и пријателството. pic.twitter.com/Af9xpAvhOk

— Larysa Dir (@dir_larysa) August 3, 2025

Од украинската амбасада преку објавија на Фејсбук соопштија дека во одморалишниот центар „Михајлово“ (Општина Кавадарци, Република Северна Македонија) се одржа завршниот настан од двонеделниот одмор на 60 украински деца од Никополскиот реон – регион кој секојдневно е подложен на гранатирања од страна на руските агресори.

Во рамки на настанот, Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, им се обрати на децата со топли зборови на поддршка, нагласувајќи дека секое дете заслужува радосно детство, заштита и мирно небо без руски дронови и ракети. Лариса Дир, исто така, изрази искрена благодарност до одморалишниот центар
„Михајлово“ за топлиот пречек и грижата, како и до градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев – за неговото лидерство, човечност и поддршката при реализацијата на овој проект.
Децата ќе се вратат дома не само со живописни импресии од природата, игрите и новите пријателства, туку и со најважното – со чувството дека не се сами – дека постојат пријатели со отворено срце подготвени да ги поддржат.
За време на одморот, децата имаа можност да уживаат во прекрасната планинска природа, чистиот воздух, да посетат музеи и културни настани.
Креативниот тим на Општина Кавадарци се грижеше за содржинско исполнување на нивниот престој, со цел да им подари радост и незаборавни впечатоци.
Од укараинската амбасада искрено се заблагодаруваат на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, за иницијативата, гостопримството и доброто срце, со посебна благодарност до градската администрација за севкупната поддршка и организација на богата програма за децата.
Особено ја цениме веќе укажаната помош за Украина – повеќе од 170 тони питка вода за погодените региони, вклучително и Никополскиот реон, како и генератор со капацитет од 650 kW за Буча.
Овие дела се вистински израз на човечност, поддршка и пријателство меѓу нашите народи.
Благодариме за солидарноста и поддршката!, стои во објавата на украинската амбасада на Фејсбук.
Д. Мишев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ