Еден од трите доминантни наративи на албанскиот блок во пресрет на локалните избори се ЕУ интеграциите. Како што се вели во анализата на Дијана Тахири „Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам“, сеприсутната ориентација кон ЕУ преди малку по парламентарните избори минатата година, како да спласна кај коалициниот партнер на власт ВЛЕН.
„По изборите во мај 2024, новата влада на Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ) беше формирана со албанската коалиција ВЛЕН и ЗНАМ, со јавно нагласена ориентација кон ЕУ, што остана само на декларативно ниво, односно без материјализација на продолжувањето на евроинтегративниот процес.
Процесот е фактички закочен на прашањето за уставните измени за бугарското малцинство – услов за да продолжат преговорите, кој премиерот Христијан Мицкоски не го прифаќа.
Од коалицијата ВЛЕН, во периодот пред конечно влегување во коалиција со власта, инсистираа дека најмалку за три месеци од почетокот на владеењето – ќе се реши проблемот со внесувањето на Бугарите во Уставот. Но тоа не се случи, а од ВЛЕН, понатаму пред барањата од јавноста за одговор по ова прашање, го продолжија за уште 3 месеци.
Оваа блокада, ја користи опозициската ДУИ, со инсистирање и укажување дека нема реални испораки.
ДУИ – и од опозиција тврди дека е гарантот на Охридскиот рамковен и на европскиот курс, остро реагирајќи на секое назадување на мултиетничките стандарди и барајќи институционални одговори.
ВЛЕН (Беса/Алтернатива/Демократско движење) – како дел од власта во 2024/25, ја брани тезата дека промените одат преку реформи, но е под притисок поради бавниот напредок и внатрешните несогласувања.
Според мониторингот и анализите на социополитичките процеси што ги спроведува ЦИВИЛ, што се однесува до измените во уставот, коалицискиот партнер на владата ВЛЕН само следи, останува во сенка, односно често звучи само како „ехо“ на одлуките и политиките на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Алтернативата на Таравари (Алијанса за Албанците – фракција на Таравари) – по излегувањето од владата ја засили критиката дека „ветеното“ не се испорачало, токму на теренот на ЕУ-агендата и владеењето на правото“, се вели ов анализата.