ЦИВИЛ разобличи лажна фотографија што кружи на Фејсбук и проруски канали, наводно прикажувајќи млади во Запорижја со нацистичко знаме на Денот на независноста на Украина (24 август). Тврдењето е ЛАЖНО. Форензички индиции упатуваат на дигитална манипулација или постановка, а нема независни извештаи, очевидци или службени потврди. (ЛИНК до целиот извештај).
Фотографијата првично беше објавена на Телеграм-каналот на RT и потоа засилена преку медиуми блиски до Кремљ и локални профили на Фејсбук во Северна Македонија – типична тактика за „перење“ на пропагандата преку наводно обични профили.
Овој случај е дел од пошироката стратегија на руската дезинформациска машинерија која го рециклира наративот за „денацификација“ за да ја оправда војната против Украина. ЦИВИЛ потсетува дека дезинформациите и пропагандата одамна се едно од најразорните оружја на Кремљ, кои преминуваат граници и општества без бомби и куршуми.
ЦИВИЛ апелира до јавноста да не споделува непроверени фотографии и да пријавува лажни вести, манипулирана содржина и говор на омраза на monitoring.civil@gmail.com.
Целиот текст е достапен на македонски, албански и англиски.
Деск на ЦИВИЛ МЕДИА
ЛИНКОВИ до целиот извештај: