• Latest

Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Време е за поконкретни прашања и поголема одговорност

September 1, 2025

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Валкана кампања, дезинформации и манипулации

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Кои се четирите доминантни наративи?

September 1, 2025

Османи одговори на прозивката на Меџити за средбата со Груевски: Дури и да имало нешто такво, тоа се класифицирани информации и би било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи

September 1, 2025

Светските медиуми се обединуваат во протест против убиствата на новинари во Газа од страна на Израел

September 1, 2025

Филипче: Владата го стопира ЕУ патот – Муцунски: Нашата иднина е европска, потребни се трпение и мудрост

September 1, 2025

ПОЛИТИКО: Авионот на Фон дер Лајен нападнат од ГПС пречки, се сомнева дека нападот е од Русија

September 1, 2025
Фото: Wikipedia

Клучна кинеска банка ги прекинува плаќањата со Русија по санкциите на ЕУ

September 1, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

September 1, 2025

Гувернерот Славески најавува намалување на учеството при купување прв стан за граѓаните

September 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Време е за поконкретни прашања и поголема одговорност

September 1, 2025 13:07
in ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА
Во името на ЦИВИЛ – Центар за слобода

Од почетокот на септември 2024 година до денес, ЦИВИЛ постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ околу 250 пати. Меѓу нив, од почетокот на април годинава, се вклучува и нашето петочно, редовно прашање: „Кое е вашето прашање до властите и политичарите?“, што оди под заедничкиот наслов ГРАЃАНСКИ ФОРУМ.

Честитки до тимот на ЦИВИЛ и до сите што придонесоа кон оваа иницијатива со коментари, прашања, пријави и извештаи.

Прашањата се секогаш актуелни и се однесуваат на важни настани и состојби во земјата, регионот и светот – но секогаш со фокус на реалноста и потребите на граѓанките и граѓаните.

По секое прашање следи текстуална обработка, објавена следниот ден, во која се вклучуваат најзначајните десетина коментари на граѓаните. Тие се објавуваат во рубриката ФОРУМ на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Оваа иницијатива, која денеска слави една година, до сега собра најмалку 15.000 коментари. Илјадници луѓе се охрабрија да ги коментираат постапките на институциите и политичките актери – како од власта, така и од опозицијата.

Што велат граѓанките и граѓаните?

Општ впечаток е дека кај граѓаните преовладува разочараност, недоверба и гнев по речиси сите теми:

  • здравство,
  • образование,
  • стандард,
  • животна средина,
  • безбедност,
  • правда,
  • јавни и социјални услуги,
  • локална самоуправа,
  • партиски ветувања што остануваат само празни зборови…

Незадоволството се однесува на сите нивоа на владеење, без исклучок.

Од критика – кон конкретна акција

Секој коментар е важен. Сечие мислење мора да се почитува. Но денеска, по повод годишнината на оваа иницијатива, сакам – во името на ЦИВИЛ – да ве повикам заедно да ги направиме следните чекори:

Не само критика, туку – конкретни прашања.

Не само генерално незадоволство, туку – реални примери и конкретни случаи.

Не само општи пораки, туку – точни адреси и барања за одговори.

Заедно ќе бараме решенија – без разлика колкумина сме засегнати. И ако е еден човек во прашање – мора да има одговор.

Еве неколку конкретни примери за прашања – инспирирани од вистински живот:

Здравство и социјална заштита

  • Зошто здравствената амбуланта во мојата општина (која?) е затворена?
  • Во мојата општина нема гинеколог (опишете).
  • Кој е одговорен за недостигот на инсулин во јавните аптеки во мојот град?
  • Зошто Центарот за социјална работа постојано ми бара нова документација за истата помош?
  • До кога жените ќе чекаат по шест месеци за гинеколошки преглед во државна установа?
  • Чекав (колку време?) за компјутерска томографија, а дијагностицирана ми е терминална болест (опишете).

Образование

  • Булинг во училиштата (дајте пример).
  • Како е можно во 2025 година училиште во главниот град да нема пристап за деца со попреченост?
  • Ширење говор на омраза и дезинформации меѓу учениците и наставниот кадар (дајте конкретни примери).

Инфраструктура и локална самоуправа

  • Зошто новата улица што беше отворена минатата година веќе има дупки?
  • Зошто немаме осветлување околу училиштето, иако Советот на општината го изгласа буџетот?
  • Кој е одговорен што речиси секоја улица се копа на секои два месеци, а особено пред избори (дајте конкретни примери, фото и видео)?

Животна средина

  • Кој дозволи да се сечат дрва во заштитена зона (конкретни примери и снимки)?
  • Зошто не се санкционира фабриката што испушта неподнослив мирис секоја вечер?
  • Кој ја исчистил реката Вардар кај (локација) како што беше најавено во изборната кампања?

Правда и институционална одговорност

  • Како е можно предметот за семејно насилство да чека речиси две години во обвинителство?
  • Зошто (конкретно лице) што го пријавивме за корупција сè уште е на иста функција?
  • Кој ќе преземе одговорност што мојата поплака до Народниот правобранител стои нерешена веќе осум месеци?

Политика и отчетност

  • Каде е извештајот за трошењето на парите за изборната кампања?
  • Зошто советниците од мојата општина / пратениците од мојата изборна единица ретко присуствуваат на седници, а земаат плата секој месец?
  • Кој стои зад непотизмот при вработувањата во јавната администрација?

ЦИВИЛ е тука да ги слушне, објави и проследи вашите прашања. Ќе ги поставиме на вистинските адреси и ќе бараме одговори и решенија – заедно со вас.

Секоја вистинска приказна, секој конкретен случај – има значење. Дури и ако проблемот изгледа „мал“ или „само мој“, има место во нашата борба за отчетност. Споделете. Поставете прашање. Побарајте одговор.


Од коментари до промени: Време е да ги поставиме прашањата што навистина значат нешто

Print Friendly, PDF & Email
Tags: граѓанско учестводемократијаотчетностцивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ