Во пресрет на локалните избори, политичкиот кампус во Северна Македонија е обележан со засилени политички пораки и јасно изразени спротивставени наративи меѓу двете најголеми партии од македонскиот блок – владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ.
Како што се вели во анализата на Драган Мишев „Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи,“ и двете партии настапуваат со остри кампањи кои го мобилизираат своето членство, но и ја продлабочуваат поларизацијата во јавноста, истовремено создавајќи атмосфера при што граѓаните стануваат мета на негативна кампања, дезинформации, говор на омраза и манипулации.
Наместо во фокусот на кампањата да бидат локални теми како урбанизам, комунални услуги или екологија, во оваа предизборна атмосфера, четири доминантни наративи го обликуваат јавниот дискурс меѓу најголемите партии од македонскиот блок:
- Идентитески прашања – поделба на патриоти и предавници (внес на бугарска заедница во Уставот; промена на името)
- Меѓуетнички односи – нациоанлистички наративи, првенствено во однос на Албанците
- Европска интеграција на државата
- Стандардот на граѓаните
Со доминантен тон ставен на: Негативна кампања, дезинформации и говор на омраза