Фронтлајн денеска бележи шест години постоење.
Фронтлајн почна со работа пред точно шест години, на 21 септември 2019 година, познат и како Меѓународен ден на мирот.
Шест години во кои заедно ја чуваме искрата на критичката мисла и верата дека вистината вреди да се брани – секој ден, секој ред, секоја реченица.
Низ бројки тоа изгледа вака:
111.543
На ПРВАТА ЛИНИЈА досега се објавени 111.543 содржини во повеќе од 20 различни рубрики.
3.255
Во рубриката ФРОНТ, објавивме 3.255 колумни од нашите автори, пријатели и соработници.
1.401
Од теми што се однесуваат на нашата земја, на регионот и на светот, може да се прочитаат 1.401 АНАЛИЗИ.
310
Во рубдиката АХА! се поместени да насмеат, критикуваат и замислат 310 САТИРИ.
3.752
Во културата нашиот придонес е со 3.752 содржини, од кои бројни интервјуа со истакнати уметници и културни работници од различни области од земјава и од странство.
1.376
Имаме 1.376 текстови, анализи и објавени откритија од областа на науката технологијата и вештачката интелигенција во категоријата TECHFRONT.
3.821
Достигнувањата на спортските терени во Македонија и светот на Фронтлајн досега се застапени со 3.821 содржини.
5.481
За бруталната руска агресија против Украина, во моментов, на ПРВАТА ЛИНИЈА објавени се 5.481 содржина.
Оваа шестгодишнина ја славиме сите заедно драги пријатели – сите кои веруваме дека зборот е алатка за промена, животот радост, а достигнувањата заедничка среќа.
Ви благодариме што сте со нас.
Продолжуваме заедно – секогаш на ПРВАТА ЛИНИЈА!, велат од редакцијата на Фронтлајн.
На колегите од Фронтлајн им го честитаме роденденот и им посакуваме уште многу успешни години на првата линија.
М. Д.