Франција се подготвува да им се придружи на Велика Британија, Канада и Австралија во признавањето на палестинската држава, пренесува Би-би-си.
Заедно со другите европски земји, треба да го објави ова кога светските лидери ќе се соберат подоцна пред Генералното собрание на ОН во Њујорк
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека признавањето дава „огромна награда за тероризмот“ – тој исто така вели дека палестинска држава „нема да се случи“
Претходно, министерката за надворешни работи на Велика Британија, Ивет Купер, изјави за Би-Би-Си дека го предупредила Израел да не анектира делови од Западниот Брег како одмазда за признавањето на палестинската државност
Во Газа, министерството за здравство управувано од Хамас вели дека во израелските напади загинале 61 лице во последниот ден – со што бројот на жртви на територијата, по нападот на Хамас врз јужен Израел во октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а 251 други беа земени како заложници, достигна 65.344
Д. Мишев