Иницијативата „Сите за Палестина“ организира протестен марш со цел изразување солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа. Настанот ќе се одржи во сабота, 4 октомври 2025 година, со почеток во 12:00 часот, пред споменикот „Симфонија на мирот“ на плоштадот Слобода.
Маршот ќе продолжи по централното градско подрачје и ќе заврши пред зградата на Владата на Република Северна Македонија.
Настанот е дел од глобалното движење на солидарност и отпор против воените злосторства и опсадата на Газа, и има за цел да потсети дека злосторствата против човештвото не смеат да се игнорираат.