Делегација на Хамас пристигна во египетскиот туристички град Шарм Ел Шеик како дел од новата рунда индиректни преговори меѓу палестинската и израелската страна, со посредство на Египет и Катар, со цел постигнување договор за спроведување на мировниот план на Доналд Трамп за прекин на огнот во Газа – Хамас се согласи на некои, но не на сите услови.
Палестински и египетски претставници изјавија за Би-Би-Си дека состаноците се фокусирани на „создавање теренски услови“ за можна размена што би довела до ослободување на сите израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници.
Египетски и катарски претставници одржуваат средби со двете страни за да воспостават механизам за спроведување на првата фаза од договорот, додека израелското бомбардирање продолжува во неколку делови од Газа.
Ова е најблиску што двете страни дошле до договор – но има неколку клучни точки на сопнување.
Порано денес, Црвениот крст соопшти дека е подготвен да помогне во враќањето на заложниците и да достави помош во Газа, каде што во израелските напади загинаа 21 Палестинец во последните 24 часа, вели цивилната одбрана.
Д. Мишев