Претседателот на САД, Доналд Трамп, размислува за испраќање крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, велејќи дека тоа би обезбедило „нов чекор на агресија“ во војната со Русија, пренесува Би-би-си.
Кога беше прашан во „Ер Форс Уан“ дали би испратил „Томахавк“ во Украина, Трамп одговори „ќе видиме… Можеби“.
Ова следува по вториот телефонски повик за време на викендот помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се залагаше за посилни воени капацитети за започнување контранапади против Русија.
Москва претходно го предупреди Вашингтон да не му обезбедува ракети со долг дострел на Киев, велејќи дека тоа би предизвикало голема ескалација на конфликтот и би ги затегнало односите меѓу САД и Русија.
М. Д.