• Latest

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025 09:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот за права на жените и родова еднаквост на Европскиот парламент со 25 гласа „за“, осум „против“ и еден „воздржан“ синоќа усвои Извештај со кој се повикува Еврокомисијата во Стратегијата за родова еднаквост на ЕУ за периодот 2026-2030 година да бидат вклучени и практични мерки за справување со полово базираното насилство и за родова рамноправноста во остварување на здравствената заштита, правото на работа и политичката застапеност.

Меѓу останатото, со иницијативата се предлага полово базираното насилство и фемицидот да бидат признати како посебни кривични дела на ниво на ЕУ, како и да се воспостави единствена европска дефиниција за силувањето.

Комитетот, исто така, со Извештајот ги повикува сите членки на ЕУ кои се уште не ја ратификувале Истанбулската конвенција да го сторат тоа.

Со документот се бара универзален пристап до родово одговорна здравствена заштита и намалување на половиот здравствен јаз, со посебно внимание на болестите што повеќе ги погодуваат жените.

Европратениците повикуваат и на изработка сеопфатна и задолжителна рамка за обезбедување целосен и еднаков пристап до сите услуги за сексуална и репродуктивна здравствена заштита.

Комитетот бара и обезбедување на рамноправна позиција на жените на пазарот на трудот, намалување на разликите меѓу половите во вработеноста, платите и пензиите, поттикнување на зголемувањето на бројот на жени во управните одбори на компаниите и воспоставување на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот на родителите и старателите.

Во Извештајот се посочува и дека жените остануваат значително недоволно застапени на сите нивоа при донесувањето политички одлуки и се повикува Комисијата да промовира суштинска родова еднаквост и да обезбеди еднаква полова застапеност и политичко учество во донесувањето одлуки.

Комитетот ја нагласува и виталната улога на граѓанското општество во „одбраната на родовата еднаквост и основните слободи во услови на пораст на политичка реакција и антиродовите движења“ и ја повикува Еврокомисијата да ги зајакне механизмите за справување со „демократското назадување и нападите врз правата на жените и ЛГБТИК+ популацијата“.

Известувачот на Комитетот за Извештајот, хрватскиот европратеник Марко Вешлигај по усвојувањето на документот оцени дека тој претставува сеопфатно и навремено цврсто барање до Европската комисија да подготви амбициозна Стратегија за родова еднаквост по 2025 година.

– Инсистираме на конкретни законодавни чекори во сите клучни области, вклучително и борба против родово базираното насилство, заштита на сексуалните и репродуктивните права и обезбедување еднаквост на пазарот на трудот, изјави Вешлигај.

Тој нагласи дека усвојувањето на ваквата Стратегија сега е поважно од кога било досега, бидејќи жените и девојките се соочуваат со сериозни предизвици и напади врз нивните основни права и еднаквост, дури и во рамките на европските институции.

Извештајот сега ќе биде доставен за усвојување на следната пленарна седница на Европскиот парламент и ако биде усвоен ќе треба да даде клучен придонес кон изработката на Стратегијата за родова еднаквост 2026-2030 година, што Еврокомисијата би требало да ја презентира следната година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ