Израел ги потврди идентитетите на тројца починати заложници чии тела ги доби од Хамас преку Црвениот крст во Газа во неделата, пренесува Би-би-си.
Форензичките тестови покажаа дека останките се на израелските војници полковник Асаф Хамами (40), капетан Омер Неутра (21) и наредник Оз Даниел (19), соопшти кабинетот на премиерот.
Потврдата значи дека осум мртви израелски и странски заложници сé уште се во Газа.
Според првата фаза од договорот за прекин на огнот со Израел, постигнат со посредство на САД, кој започна пред повеќе од три недели, Хамас се согласи да ги врати сите 20 живи и 28 мртви заложници што ги држеше.
Израел го обвини Хамас за намерно одложување на пронаоѓањето на телата на мртвите заложници, додека Хамас инсистираше дека се бори да ги пронајде под урнатините.
Бавниот напредок значеше дека нема напредок по ниту едно од суштинските прашања во втората фаза од договорот за прекин на огнот, вклучувајќи ги плановите за управување со Газа, повлекување на израелските трупи, разоружување на Хамас и како да се организира реконструкцијата на територијата опустошена од двегодишната војна.
М. Д.












