• Latest
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

Како се победува на избори во место во кое власта долго и не смееше да стапне – а и сега тоа го прави со специјални мерки – е доказ случајот на градот во кој животот го изгубија 64 лица, а 200 се со полесен и повисок степен на инвалидитет. Главниот обвинител овој случај го нарече „пад на целиот систем“. Е тој систем победи со многу трикови и предавства, па стана парадигма за целиот изборен процес. Па така излегува дека – сите паднавме на овие избори

November 4, 2025 07:47
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Специјално за ЦИВИЛ Медиа

Постојат многу начини да се окарактеризираат какви биле овие локални избори. Власта и нивните патрони во разните политички кампуси, како и медиумите според изборот на гостите после гласањето, како присутни во студијата ја одредија маргината – се бројат само освоените градоначалнички места.

Што друго како критериум за оценување не беше земено предвид за да се добие реална слика?

На пример – големиот број на пречкртани ливчиња или испишани со пораки кои ги правеле неважечки – близу шест дивизии, мерено со војнички речник. Голем број, права армија. Факт е дека тие околу 54 илјади граѓани кои направиле својот глас да е неважечки, во вториот круг се намалил на 19 илјади (од кои само во Скопје се 10 илјади) не го менува фактот дека ако тие гласови, макар и во вториот круг би биле разместени по скопските општини, можеле целосно да ја сменат сликата за освоените градоначалнички места. Не го заборавајте тоа, славеници.

Вториот елемент, а веројатно и прв по својата габаритност, лежи во фактот на големата неизлезност на електоратот, што може да се смета за недостаток на понуда. Обично во теоријата тоа така и се толкува. Во принцип, на било кои гласања во земјава, бројката од 50 отсто излезност била надмината, а сега одвај стигна, во вториот круг, до излезност од 41 отсто. Тоа нѐ води до еден од оние умни мисли на Фејсбук – дека на овие избори победија оние кои останаа дома, од било кои причини. Да не заборавиме дека полицијата беше многу активна меѓу двата круга и тоа онаму каде власта – погодете – губеше во првиот круг.

Росоман беше една недела под опсада, Демир Капија стана позната по тоа што еден сосед во униформа го апси другиот сосед, иако го познава како брат да му е, бидејќи разнесувал политички материјали, а бил без лична карта. Демир Капија е тоа, еј! Тоа е како полицаец да ме сопре додека го фрлам ѓубрето во контејнерот, а сум во тренерки во кои нема џебови, нели. Слично е во другите градови на југоистокот како подрачје каде владејачката партија губеше во првиот круг – полициско присуство без основа, ноќни патроли.

Се вративме во времето кога МВР беше ВМРО, како што велеше министерката Јанкуловска, а Мијалков одеше по дворовите и ги прашуваше жителите – што имате вие против оваа власт, дај да видиме како да ви помогнеме… И помагаа – да дојде до пресврт. Пребројте ги општините каде имаше пресврт и видете со каква дребна разлика, просто народски речено „кусур“  е преземено Крушево, Дојран и други општини.

Говориме за таков притисок што две општини, Могила и Македонски Брод практично немаа избори, бидејќи, двајцата директни конкуренти се повлекоа без валидно објаснување, но нивните сограѓани, односно соселани, ја објаснија работата, пред сѐ, дека притисокот врз кандидатите и нивните семејства бил страшен. А и ова влегува во скорот иако за нив на ТВ дебатите ниту еден од поканетите овој момент не го спомена. Всушност се одеше кон тоа сѐ да се сведе на најпроста „изборна математика“ во која се бројат првите места во општините а не – да речеме – бројот на советници, кои ја оставаат СДСМ на пример на лидерската позиција во опозицијата (извини, Левица) и таа е клучна во вреднувањето на насоките и квалитетот на дебатите во локалните парламенти! Или тоа не е битно за голем дел од нашите, ѓоамити либерални и независни дебатери пред камерите?

Кога говориме за присуството на органите на редот и државната пресија најсликовит е примерот на Кочани. Власта победи таму каде практично долго не смееше да стапне – омразата ќе ги изедеше онака, преку воздух, бидејќи, таа продираше во сите пори на обвинетите и оние заборавени на списоците на обвинителите. Но оваа власт просто е оперирана од срам, се виде тоа и во случајот со брутално прегазената Фросина Кулакова, чиј татко се вмеша во протестите и почна таму од пиедесталот што природно му беше отстапен, да чита текстови напишани во уќуматот, дури и пред камерите (на Сител, се разбира). Се слуша дека добил добро место во МЕПСО…

Па и во Кочани, меѓу оние кои го срушија бојкотот на гласањето имаше и такви чии деца беа жртви на пожарот и немарноста на „системот што комплетно падна“, како што оцени првата вечер по настанот пред диско клубот државниот јавен обвинител и во една проста реченица го опиша она што беше во изгорените остатоци зад неговиот грб.

Каков притисок е вршен таму!

Го пуштија нелегално од домашен притвор еден од обвинетите, екс-градоначалникот Ратко Димитровски, веројатно за да лобира за неговата власт, а премиерот слушаме отишол во овој град завеан во црно непосредно пред настапувањето на Митровденската Задушница, да ја „зацврсти“ победата, таа да мине макар со минимална „аритметика“.

Каква само бесрамност.

На социјалните мрежи имаше бројни споредби на овој тип на избори, низ кочанскиот пример, како и забелешки од кои потомците на узурпаторите на градот веројатно ќе се засрамат некогаш, но нивните татковци се класични прагматори. Што се тоа 64 жртви, што се тоа 200 тешко повредени млади луѓе, некои и тешки инвалиди засекогаш.

Ако ги погледнеме процентите на излезност и изборните резултати, ќе видиме дека во Кочани повеќе од половина луѓе протестираат, а останатите гласаат. Од градот на црнилото, овој град се претвори и во слика на едно корумпирано општество.

Дали тој пример не е и најдобра илустрација на изборите наспроти на она што беше и веројатно ќе не чека следните години? Период кога „смисолот“ на власта за тоа што е демократија уште повеќе, до крајни граници, ќе доаѓа до израз.

Нормално беше во дискусиите пред камерите после затворањето на биралиштата да се коментира и за заострувањето на меѓунационалните односи во земјава. И таа тема се затскри – сите што лежат под сенката на победата на власта – ја одбегнуваа (хм, дури и испитувачите на јавното мислење).

Брилијантни беа коментарите на професор Александар Спасов, кој ја отвори таа тема и укажа дека токму тие теми кои предизвикуваат нетрпеливост меѓу најголемите национални заедници водеа и допрва може да водат кон опасни води. Гласањето во Кичево беше едно од таквите и победата на тамошниот кандидат Александар Јовановски многу од гласачите ја прославија како да се работи за „ослободување на Ерусалим“ – така беше илустрирана мисловната матрица која ги поведе гласачите во Кичево. Навидум договорените и постојни коалиции ептен се разлабавија и јасно е дека некаде и не додржаа. А тоа е правило онаму каде тие коалиции се базираат на националистички програми.

Баластот на таквите видувања од кои зависи иднината на земјата не беа релевантни до пред самите избори, а тогаш беше и доцна да се спречи познатата инерција на национализмот.


Специјално за ЦИВИЛ Медиа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ