Зохран Мамдани, новоизбраниот градоначалник на Њујорк, во својот славенички говор пред поддржувачите во Бруклин по убедливата победа над Ендру Куомо, му се обрати директно на претседателот Трамп ветувајќи дека ќе влезе во Градското собрание со цврст план за спротивставување на политиката на поделба и кронизам што му помогна да се искачи во Белата куќа.
„Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант“, рече Мамдани. „Затоа, слушнете ме претседателе Трамп кога велам ова: за да стигнете до кој било од нас, ќе мора да поминете низ сите нас.
„Кога ќе влеземе во градското собрание за 58 дена, очекувањата ќе бидат високи“, додаде тој. „Ќе ги исполниме.“
🚨HOLY COW: Mamdani comes out SWINGING:
“So hear me, President Trump, when I say this: to get to any of us, you will have to get through all of us.”
Tonight, one thing is certain: Donald Trump is this country’s BIGGEST LOSER.
— CALL TO ACTIVISM (@CalltoActivism) November 5, 2025
Новоизбраниот градоначалник на „Големото јаболко“ рече дека Њујорк покажал дека ќе биде „светлина“ во „момент на политичка темнина“.
„Тука веруваме во застапувањето на оние што ги сакаме, без разлика дали сте имигрант, член на транс заедницата, една од многуте црнкиња што Доналд Трамп ги отпушти од федерална работа, самохрана мајка што сè уште чека да се намалат цените на намирниците или некој друг со грб до ѕид“, рече Мамдани, кој ќе биде првиот муслимански градоначалник во градот.
„Њујорк повеќе нема да биде град каде што можете да тргувате со исламофобија и да победите на избори,“ продолжи новиот градоначалник и испрати директна порака до претседателот, велејќи дека ако некој град може да ѝ покаже на нацијата како да го победи Трамп, тоа е „градот што го роди“.
Мамдани истакна дека, ако постои начин да се заплаши деспот, тоа е со демонтирање на самите услови што му дозволија да акумулира моќ, и ова не е само начинот на кој го запираме Трамп, туку и како го запираме следниот.
Значи, Доналд Трамп, бидејќи знам дека гледате, имам четири зборови за вас: Зголемете ја јачината на звукот“, рече Мамдани, поздравн со френетичен аплауз.
Мамдани повтори низа од своите клучни политики пред поддржувачите во вторник вечерта и како тие ќе се спротивстават на агендата на Трамп. Тие вклучуваа план за повикување на одговорност на сопствениците на недвижности за тоа како се однесуваат кон закупците; ставање крај на „културата на корупција“ што ѝ користи на класата милијардери; и проширување на заштитата на трудот и застанување рамо до рамо со синдикатите „затоа што знаеме, исто како што знае Доналд Трамп, дека кога работниците имаат железни права, шефовите кои се обидуваат да ги изнудат стануваат навистина многу мали“.
Победатa на Мамдани ја заокружи вечерта во која демократите победија на главните трки на првите големи избори од вториот мандат на Доналд Трамп, испраќајќи му јасна порака на незадоволство на американскиот претседател.
Во Вирџинија, умерената поранешна претставничка Абигејл Спанбергер го покажа најсилниот демократски настап во поновата историја на државата, додека се приближуваше кон победа. Во Њу Џерси, друга умерена претставничка Мики Шерил, ја разби коалицијата што Трамп и нејзиниот републикански ривал, поранешниот државен пратеник Џек Чиатарели, ја составија за да го намалат јазот на Градинската држава на неодамнешните избори.
Д. Мишев












