• Latest

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025 17:01
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина — до октомври 2025 година, од руски заробеништво беа ослободени 7 илјади Украинци.

Точниот број на украински воени заробеници останува непознат, бидејќи РФ им одбива пристап на меѓународните мониторинг мисии.

Во контекст на тоа што РФ ја денонсираше Европската конвенција за спречување на тортура, механизмот за контрола на забраната на тортура е практично укинат.

Независната надворешна контрола исчезнува, останува само внатрешна руска контрола во земја која ја смета воената агресија за кредо на својата надворешна политика.

Руските воени и безбедносни структури масовно применуваат тортура – тоа е документирано во извештаи на организации за човекови права и во новинарски истраги. Постојат бројни сведоштва од украински воени заробеници кои преживеале заробеништво.
Постојат и „неми“ сведоштва – телата на украинските заробеници, кои беа измачувани до смрт во затворите на РФ. Нивните обезобразени тела сведочат за бруталното однесување и за дивата суровост на РФ.

 

1 of 11
- +

Украинската новинарка Викторија Рошчина беше измачувана и убиена во заробеништво од руските окупатори. На Викторија Рошчина ѝ беше посветена посебна експозиција за време на есенската сесија на ПССЕ (1 октомври 2025 година) во Стразбур. Околу 26 новинари сè уште се во руски заробеништво и треба да бидат ослободени.

Во септември 2025 година, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) објави Извештај за можни прекршувања и злоупотреби на меѓународното хуманитарно право и човековите права, за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со однесувањето на РФ кон украинските воени заробеници.

Како што е познато, РФ одби да соработува со Мисијата на независни експерти на ОБСЕ. Во својот Извештај, Мисијата утврди дека суровата практика на РФ во однос на украинските воени заробеници има масовен и систематски карактер, придружена со намерни и последователни дејства насочени против бранителите на Украина.

Мисијата, исто така, утврди бројни сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и на човековите права – масовна и систематска употреба на тортура, сексуално насилство, произволни егзекуции, намерно ускратување соодветна исхрана и медицинска помош, што довело до смртни случаи во местата на задржување.

Утврдено е дека РФ систематски им одбива на припадниците на Вооружените сили на Украина статус на воени заробеници, наместо тоа ги „дефинира“ како „лица приведени поради спротивставување на специјалната воена операција“. На ист начин РФ ги „дефинира“ и украинските цивилни лица.

Со други зборови, државата-агресор РФ применува сопствен систем на кривично гонење врз украинските војници кои ја бранат својата држава од руските агресори.

Мисијата, како што е наведено во Извештајот, доби доверливи и веродостојни информации кои покажуваат дека украинските воени заробеници, задржани од РФ, се подложени на систематска тортура и сурово однесување.

Таквите злоупотреби се случуваат во текот на целото заробеништво — при фаќањето, за време на транспортот и при притвор.

Методите што се документирани вклучуваат:
жестоки претепувања со тупаници и кундаци од пушки, електрични шокови, присилни болни позиции, исцрпувачки физички вежби, напади од кучиња, лажни егзекуции, закани со смрт, силување или осакатување, присилно соблекување, долготрајно стоење на колена и различни облици на психолошко понижување.

Во извештајот на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, објавен на 23 септември 2025 година, се зборува за ужасната состојба на илјадници лица кои се задржани од почетокот на целосната агресија на РФ против Украина.

Извештајот документира дека руските власти систематски ги подложуваат украинските цивили, задржани на окупираните територии, на тортура и сурово постапување.

Во истиот документ се наведува дека РФ го применувала сопственото кривично законодавство на окупираните територии, игнорирајќи ги своите обврски според Меѓународното хуманитарно право.
Големиот број произволни апсења и присилни исчезнувања создадоа угнетувачка атмосфера и клима на страв на окупираните украински територии.

Документираната практика на РФ кон украинските воени заробеници и цивили — која вклучува егзекуции, тортура и држење во нечовечки услови — претставува сведоштво за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Сите нарачатели, организатори и извршители на овие злосторства мора да бидат изведени пред правдата.

Неказнивоста на руските злосторници само ги „охрабрува“ на нови злосторства. Сите нарачатели, организатори и извршители на овие злосторства мора да бидат изведени пред правдата. Токму затоа постои голема надеж во Специјалниот трибунал за злосторството на агресија против Украина, создаден од коалиција држави во која се приклучи и Северна Македонија.

Украина постојано го повикува меѓународното заедништво да го засили политичкиот и санкцискиот притисок врз државата-агресор РФ.

На Украинците, како воздух, им е потребна консолидација на меѓународните напори со цел да се стави крај на злосторничката практика на РФ кон украинските воени заробеници и цивили и да се обезбеди нивна итна размена — „сите за сите“.

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА.

Фото извор: Амб. на Украина

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ