Здружение на граѓани 16ти Март 2025 оваа сабота на (15.11.2025) со почеток од 12:05 часот, повикува на 30-от протестен марш –„Марш за ангелите“ кој започнува од плоштадот „Македонија“.
„Свесни сме дека патот до правда ќе биде долг и тежок, исполнет со отпор и искривени намери. Но ако ја пронајдеме заедничката точка на сплотување и ако застанеме еден до друг, системот нема да има друг избор освен да постапи онака како што бара народот. Маршираме од Плоштад „Македонија“ преку Собранието кон Основниот кривичен суд“, стои во повикот.
Пред Собрание и Кривичен суд се предвидени неколку говори и обраќања, додека на самиот почеток на маршот пред плоштад сѐ предвидени две централни изјави од иницијативата „Кој е Следен?“ заедно со „Здружение на граѓани 16ти Март 2025“ од Кочани.
Здружението организира и бесплатен превоз од Кочани (9:45 Основен Суд Кочани) до Скопје.












