Иран денеска потврди дека нејзината Револуционерна гарда во петокот во водите на Персискиот Залив запленила танкер кој превезувал петрохемиски товар наменет за Сингапур, објавија иранските медиуми, објави Ројтерс.
По инспекциите, властите изјавија дека „танкерот ги прекршил прописите бидејќи превезувал неовластен товар“. Според Ројтерс, властите не дадоа дополнителни детали.
Д. Т.












