Специјалниот суд за корупција во Алабнија, (GJKKO) ја суспендираше Белинда Балуку од функциите вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергија, во рамки на истрага поврзана со тендерските постапки за тунелот Ллогара и дел од проектот за Големата обиколница во Тирана. Судот донесе и мерка забрана за напуштање на земјата.
Обвинителството ја товари Балуку за неправилности во јавни набавки, а според медиумските извештаи, под истрага се и други високи функционери од енергетскиот и инфраструктурниот сектор.
По објавувањето на мерките, европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека ваквите постапки покажуваат дека надлежните институции работат.
„Важно е што антикорупциските институции го вршат својот дел,“ рече Кос, додавајќи дека корупциски случаи се појавуваат и во земјите членки на ЕУ и дека правосудниот систем е тој што ќе утврди одговорност.
Балуку останува суспендирана до завршување на истражната и судската постапка.
Д. Т.












