• Latest
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА ЕВРОПСКА УНИЈА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026 11:48
in ВЕСТИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ започна нова фаза на забрзување на политиката на проширување, организирајќи четири меѓувладини конференции во еден ден, потег што дипломатите го оценија како најголем еднодневен исчекор во процесот во последните две децении. Црна Гора дополнително напредува со затворање на нови преговарачки поглавја, Украина и Молдавија отворија нов кластер во пристапните преговори, а Албанија продолжува со отворање и затворање поглавја.

Во исто време, Северна Македонија останува блокирана пред отворањето на првиот кластер. Иако техничкиот скрининг е завршен, процесот е условен со уставните измени и со нерешениот спор со Бугарија, додека македонските власти бараат гаранции дека нема да има нови билатерални блокади во текот на преговорите.

Новата динамика на проширувањето е поттикната пред сè од променетата безбедносна состојба во Европа по руската агресија врз Украина, при што проширувањето сè повеќе се третира како геостратешка, а не само реформска политика. Сепак, ЕУ останува доследна дека напредокот на секоја земја ќе зависи од исполнувањето на критериумите за владеење на правото, демократските стандарди и политичкиот консензус.

Политиката на проширување повторно стана еден од главните приоритети на Европската Унија по 2022 година. Војната во Украина ја промени стратешката перспектива на Брисел, при што интеграцијата на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија се смета за инвестиција во европската безбедност и стабилност.

Македонија доби статус на кандидат уште во 2005 година, но пристапниот процес беше повеќепати блокиран – прво поради спорот со Грција, а потоа поради бугарското вето. По усвојувањето на т.н. француски предлог во 2022 година започна скрининг-процесот, но отворањето на првиот кластерзависи од уставните измени.

Во меѓувреме, Црна Гора останува најнапредниот кандидат, Албанија бележи забрзано отворање на поглавјата, а Украина и Молдавија, и покрај воените и политичките предизвици, добиваат силна политичка поддршка од ЕУ како дел од пошироката стратегија за европска безбедност.

ЦИВИЛ Медиа Деск


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ