Синдикатот на работниците на РТК ( Радио Телевизија Косово) објави дека во понеделник ќе започне општ штрајк, кој ќе се одржува секој ден од 11:00 до 13:00 часот. Во соопштението се додава дека во текот на овие два часа ќе се запре целата работа во секој сектор на РТК: редакција, администрација, финансии, архива, камера, галерија, мајстор, техничар, продукција, режисери, монтажа, аудио, како и сите други помошни единици, и дека штрајкот важи за сите, без исклучок,објавија косовски медиуми.
Понатаму, синдикатот нагласува дека оваа акција доаѓа по долг период на барања и ситуација која стана неодржлива и за персоналот и за функционирањето на институцијата, додавајќи дека платите се блокирани и континуитетот на РТК е сериозно загрозен.
„Доколку менаџментот не излезе со став, СПЕРТК ќе повика на целосен бојкот на изборите од страна на сите колеги. Штрајкот наскоро ќе биде придружен со протест на плоштадот, пред Владата, кој ќе го објавиме навремено. Овој протест е неопходен, бидејќи ситуацијата во РТК ги премина сите граници на трпението“, се вели во соопштението.
Д. Т.












