• Latest
фото: Принтскрин Фејсбук ЦУК

ИЈЗ со итни препораки за поплавените подрачја: Да се користи флаширана или превриена вода

November 23, 2025

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ИЈЗ со итни препораки за поплавените подрачја: Да се користи флаширана или превриена вода

November 23, 2025 09:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
фото: Принтскрин Фејсбук ЦУК

фото: Принтскрин Фејсбук ЦУК

Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за јавно здравје вечерва излезе со препораки за населението во поплавените подрачја во земјава. Најпрво препорачуваат да се обезбеди безбедна вода за пиење и да се следат информации од локалните служби за тоа дали водата е безбедна.

-До добивање официјална информација за исправноста на водоснабдувањето, користете флаширана вода или вода што е превриена најмалку 10 минути.
На населението од поплавените подрачја се препорачува да користи флаширана вода за пиење, готвење, а доколку користат вода за пиење од локални водоводи, како и од индивидуални или јавни бунари, извори, кладенци, им се препорачува, како превентивна мерка, водата за пиење да ја превриваат во времетраење од 10 минути, стои меѓудругото во препораките од ИЈЗ.

Натаму, ИЈЗ препорачува да се одржува лична хигиена и да се избегнува директен контакт со поплавена вода и редовно да се мијат рацете со сапун и чиста вода. Користете средства за дезинфекција како дополнителна мерка за заштита.

Во продолжение препораките на Институтот до населението во целост:

1. Обезбедете безбедна вода за пиење

Следете информации од локалните служби за тоа дали водата е безбедна. До добивање официјална информација за исправноста на водоснабдувањето, користете флаширана вода или вода што е превриена најмалку 10 минути.

На населението од поплавените подрачја се препорачува да користи флаширана вода за пиење, готвење, а доколку користат вода за пиење од локални водоводи, како и од индивидуални или јавни бунари, извори, кладенци, им се препорачува, како превентивна мерка, водата за пиење да ја превриваат во времетраење од 10 минути.

2. Одржувајте лична хигиена

Избегнувајте директен контакт со поплавена вода и редовно мијте ги рацете со сапун и чиста вода. Користете средства за дезинфекција како дополнителна мерка за заштита.

Избегнувајте контакт со вода од поплавите бидејќи може да биде контаминирана со отпадни материи, микроорганизми или хемикалии што може да имаат штетно влијание врз здравјето.

3. Постапување со храна

Фрлете ја храната која дошла во контакт со поплавена вода — може да се контаминирала.
Пред употреба, добро миење на прехранбените производи (овошје и зеленчук од пластениците) со безбедна вода за пиење. Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработува.

4. Спречување појава на глодари и комарци

Поплавите можат да поттикнат размножување на комарци (застојни води), а можна е појава и на глодари – тие можат да бидат преносители на болести.
Иако бројот на комарци е значително намален во овој период, сепак потребно е да се отстрани застојната вода и да се исчисте околината за да се спречи нивно појавување при евентуални потопли денови.

Поголемо внимание посветете на глодари (глувци, стаорци), кои често навлегуваат во објекти по поплави и во студените месеци бараат храна и засолниште. Чувајте ја храната во добро затворени садови. Редовно собирајте смет и држете го добро затворено.
Елиминирајте влажни и оштетени материјали во домот и околината — тоа спречува појава на мувла и на инсекти што можат да се активираат и во ладни месеци.

Се препорачува од јавно здравствен аспект, единиците на локална самоуправа во соработка со ЦЈЗ по повлекување на водата и исушување на почвата во дворните места, да пристапат кон детално механичко (физичко) чистење со отстранување на 2-3 сантиметри од површината на почвата (тињата) поради фекална контаминација и да се спроведе дезинфекција, дезинсекција и дератизација (ДДД) од овластена јавна здравствена установа (ЦЈЗ) по епидемиолошки индикации.

5. Следење на здравствената состојба

Бидете внимателни на симптоми како треска, стомачни проблеми (пр. дијареа), кожни инфекции — тоа може да бидат знаци на болести поврзани со контаминирана вода. Побарајте веднаш лекарска помош при појава на симптоми како треска, дијареа, кожни инфекции.

Потребно е да се обезбеди присуство на лекар и медицинска во местата најпогодени од поплавените подрачја, со цел пружање на здравствена помош на сите категории население, посебно на лица со хронични заболувања, лица над 65 години, бремени жени и мали деца. Здравствената екипа да биде снабдена со неопходни медицински помагала и лекови за брза интервенција на терен.

6. Информирање и следење на упатства

Следете ги препораките од надлежните служби и постапувајте согласно насоките. Редовно следете ги известувањата од надлежните служби – општинските органи, Центарот за јавно здравје и службите за водоснабдување.

Стриктно придржувајте се до сите препораки поврзани со употреба на вода, движење во ризични подрачја и евентуални мерки за заштита.
Надлежните ЦЈЗ редовно ја следат состојбата на терен, се во контакт со матичните лекари/ инфектолози и редовно го информираат ИЈЗ за евентуална појава за поголем број заболувања поврзани со поплавените подрачја со цел навремено превземање на мерки за превенција и контрола.цел навремено превземање на мерки за превенција и контрола.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ