• Latest

АЕК: Тендерот за трет оператор се одложува за 96 дена, „Оне Македонија“ единствен играч во трката

November 24, 2025

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

АЕК: Тендерот за трет оператор се одложува за 96 дена, „Оне Македонија“ единствен играч во трката

November 24, 2025 11:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги продолжи за 96 дена роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а на барање на единствениот понудувач на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Со тоа, согласно Одлуката на АЕК, краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач е 12 јануари 2026 година, а 25 февруари 2026 година за доделување одобрение за користење на радиофреквенции.

Од АЕК образложуваат дека Одлуката е донесена на 21 номеври годинава, врз основа на член 24 став 1 алинеја 5 од Законот за електронските комуникаци и член 44 став 3 од Законот за општата управна постапка, а согласно Одлуката за распишување на Јавен тендер со јавно наддавање за доделување на Одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz  и согласно Молбата за продолжување на роковите поднесена од Оне Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје од 20.11.2025.

По отворањето на понудите за тендерот на 22 август годинава, Комисијата за спроведување на Јавниот тендер со јавно наддавање  констатираше дека сите документи ги исполнуваат условите пропишани во тендерската документација и се согласно закон, но поради распишувањето на локалните избори што се одржаа во октомври, конечната одлука за избор на најповолниот понудувач беше одложена за по изборите.

– Во поднесеното Барање за продолжување на роковите поднесено од Оне Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје 0201-1103/31 од 20.11.2025, се повикуваат на прекин на постапката заради изборниот процес и тоа во вкупен период од 96 дена (од 09.08.2025 до 12.11.2025 година), и врз основа на член 44 став 3 од Законот за општата управна постапка (Службен весник бр. 124/15 и 65/18) каде е предвидено дека „рокот што го определил овластеното службено лице, како и рокот определен со прописите за кои е предвидена можност за продолжување, може да се продолжи по молба од заинтересираното лице поднесена пред истекот на рокот, ако постојат оправдани причини за продолжување”, бараат да се продолжат сите рокови за 96 дена, велат од АЕК и дополнуваат дека  согласно ЗЕК, и согласно одлуката за завршување на изборите од 12 ноември годинава роковите предвидени во тендерската документација продолжуваат да течат.

Како што појаснува АЕК, имајќи го во предвид член 44 став 3 од Законот за општата управна постапка, и согласно Барањето за продолжување на роковите,  тие треба да се поместат за онолку колку што траел прекинот односно сметано од денот на објавување на изборите 09.08.2025 до денот на носење на одлуката за завршување на изборите 12.11.2025, односно 96 дена, па така наместо 08.10.2025 рокот се продолжува за 96 дена односно до 12.01.2026 година, односно 21.11.2025 година се продолжува за 96 дена и ново предвидениот рок е 25.02.2026 година.

Против оваа Одлука е дозволена тужба до Управниот суд во рок од 30 дена.

На пазарот на електронски комуникации во државава работат мрежните оператори Македонски Телеком АД Скопје, А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, како и виртуелните Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје, МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, РОБИ ДООЕЛ Штип и Греен Телекомуникации ДОО Прилеп.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ