Државната компанија ЕСМ на последниот тендер понуди цена од 65 евра за мегават-час базна енергија, што директно влијае врз крајната цена што ќе ја плаќаат граѓаните од 1 јануари.
Според надлежните институции, корекцијата е резултат на зголемени производствени трошоци, повисоки цени на енергенсите и потребата да се обезбеди стабилност на електроенергетскиот систем. Дел од потребните количини струја ќе се обезбедуваат од домашни капацитети, со цел да се намали зависноста од скап увоз.
Регулаторот нагласува дека ова зголемување е „умерено“ и има за цел да гарантира сигурно снабдување во наредниот период.
Во исто време, Владата најави дека ќе продолжи со мерките за заштита нанајранливите категории граѓани преку субвенции, социјални тарифи и дополнителна поддршка за да се ублажи влијанието на новата цена врз семејните буџети.
„Ние се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, импликација, од друга страна да продолжиме со субвенционирањето, бидејќи пазарната цена на електричната енергија е околу стотина евра во моментов, а за првпат се спроведува јавна набавка за цела година, не само за половина година. Така што во овој момент не можам да ја кажам цената. Но, бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните и продолжуваме и понатаму да ја субвенционираме електричната енергија за сите оние, коишто ја добиваат на регулираниот пазар“, а тоа се домаќинствата, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.












