• Latest

СДСМ: Мицкоски, во народот познат како „мали Вучко“, најавува избори

December 5, 2025
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски, во народот познат како „мали Вучко“, најавува избори

December 5, 2025 09:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ излезе со соопштение до јавноста во кое тврди дека е симптоматично е што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како што влат во народот познат како „мали Вучко“, вчера повторно зборуваше за избори, во исто време објавувајќи лажни анкети за рејтингот на партиите.

Само неколку часа претходно, во Србија, Вучиќ најавува избори, посочуваат од СДСМ и додаваат дека е познато дека Мицко го имитира Вучиќ, а тоа трае веќе подолго време.

„Вчера“ започна реконструкцијата на Владата, на јавноста одамна позната како обично шминкање. Модел кој Вучиќ го користи со години. По реконструкцијата, со некакви чудни дополнителни објаснувања, следат најави за избори и нивно распишување. Овој српски, „Вучиќ модел“ денес го гледаме во Македонија.

На пролет Унгарија ја очекуваат избори. Вертикалата поврзана преку политичките партии, ФИДЕС на Орбан, СНС на Вучиќ и ДПМНЕ на Груевски, со години функционира на иста линија, оттука е и азилот за Груевски. На оваа вертикала ѝ се придружува и една хоризонтална линија, Словачка и нејзиниот премиер Фицо.

Од СДСМ посочуваат дека сите сме сведоци на големите протести во Унгарија, Словачка, а особено во Србија против политиките што се водат.

Што е тоа што ги поврзува овие протести и што доведе до нив? Токму КОРУПЦИЈАТА!

Во соопштението се додава дка нашите најблиски соседи, граѓаните на Србија, веќе цела година протестираат поради корупцијата која доведе до падот на настрешницата, во која загинаа 16 луѓе. Српското независно обвинителство смета дека само при реновирањето на Железничката станица во Нови Сад (каде што падна настрешницата) исчезнале 115 милиони долари поради наместени тендери и корупција. Сите слушнавме во каква енергетска криза се наоѓа Србија поради невоведување санкции кон Русија.

Паралелно со ова, пред два дена американскиот претседател Д. Трамп ја обвини српската фирма „Roaming Networks“ (позната и како „Dot Networks“, со седиште во Белград) дека преку своите сервери учествувала во наместување на изборите во САД во 2020 година, а која е во сопственост на бизнисмени блиски до СНС и самиот Вучиќ.

Во српските медиуми со години се спомнува „СКАЈ“ преписката (енкриптирана комуникациска апликација), обезбедена од ЕВРОПОЛ, која сега за првпат се користи и како судски доказ за вмешаност на криминални групи што водат и кон Црна Гора, каде веќе се применува во низа процеси.

Во Србија се најавува дека наскоро ќе се објави кој во СКАЈ преписките е означен како „Оскар“, организатор на криминални активности во Србија, но и пошироко на Балканот.

Кај нас барем е лесно, ние сите знаеме кој е македонскиот „Оскар“. Имаме и мал и голем „Оскар“, влат од СДСМ.

Пред неколку дена беше уапсена поради корупција поранешната шефица на европската дипломатија Могерини, позната по тоа што учествуваше во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Доколку во Србија има избори напролет, тоа ќе ја очекува и Македонија. Грујо, Мицко и ВМРО-ДПМНЕ немаат луксуз да го дочекаат падот на српскиот режим, затоа што ќе се откријат сите сите нивни поврзаности со ДПМНЕ и вмешаноста во многу приказни.

На Груевски азилот му зависи од изборите во Унгарија и затоа по секоја цена мора да обезбеди власт во Македонија под негова контрола, како резервна опција за своето престојувалиште.

Ученикот Мицко мора внимателно да ја следи ситуацијата, да реагира, да најавува и по потреба да распише избори напролет, доколку тие бидат закажани и во Србија.

Сервери, прислушување, тендери, корупција… Звучи познато?

Изгледа дека и соседите имаат „бомби“. Ја доживуваат нашата 2015 година.

Не грижете се, ние повторно сме „двојно подобри“. Кај нас верзија 2.0 штотуку почна да работи.

Повторно е време, како што вчера рече Мицко, да минеме низ „катарза“. Еднаш не ни беше доволно.

Изгледа дека е време за нов лист во цела Европа.

Затоа: Нова сила, нова енергија, нов тим и вистински правец: Европа.

Работата не е завршена!, се вели во соопштението на СДСМ.

М. Д.

Tags: СДСМХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ